Тон позитива: Ресторан во Јапонија вработува само луѓе со деменција - секоја нарачка е погрешна, а гостите не се бунат

Во Токио постои ресторан кој вработува само луѓе со деменција. Тука ќе порачате суши, а ќе добиете кафе со цевка. Или ќе ви донесат нудли наместо кнедли. Но, гостите се задоволни, бидејќи знаат дека ги очекува изненадување. Симпатично, зарем не?

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-01.jpg

Популарниот „Ресторан на погрешни порачки“ во Токио е познат по тоа што гостите најчесто добиваат работи што не ги порачале.

Но, тие не се бунат, бидејќи знаат дека постои голема веројатност да добијат нешто сосема трето од она што го порачале.

Причината за ова е што сите келнери кои работат во ресторанот имаат деменција.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-03.jpg

Деменција е општ термин кој опишува состојба во која се губи меморијата, се намалува можноста за учење и комуникациски вештини.

Една од тие болести е Алцхајмеровата болест.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-04.jpg

Овој ресторан го отворил телевизискиот режисер Широ Огуни за да ја смени перцепцијата за стареењето и прогресивното когнитивно оштетување на мозокот.

Идејата ја добил при посета на старечки дом, кога му донеле кнедли наместо хамбургер.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-05.jpg

Прво сакал да ја врати порачката, но тогаш сфатил дека луѓето со деменција живеат во поинаков свет, а дека грешката во порачката на никаков начин не му штети нему, или на кој било што добил погрешна порачка во ресторанот во старечкиот дом.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-06.jpg

Откако Огуни го отворил ресторанот, инспирирал и други претприемачи да отворат ваков тип на ресторани во Австралија и Јужна Кореја.

Гостите однапред знаат дека што и да порачаат, најверојатно нема да го добијат очекуваното, па затоа не се бунат.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-07.jpg

Притоа, гостите околу себе гледаат весели, насмеани лица, кои и покрај деменцијата се комуникативни и разговорливи, па уживаат во времето поминато таму.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-09.jpg

Според Forbes, првото истражување меѓу муштериите покажало дека 37% од порачките биле згрешени, до 99% од нив рекле дека биле задоволни со својот оброк.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-11_copy.jpg

„Целта на овој ресторан е да нè поттикне да ги прифатиме и разбереме луѓето кои имаат деменција, да бидеме добри едни со други, без оглед на нашите проблеми и мани“, рекол Огуни.

restoran-vo-japonija-vrabotuva-samo-lugje-so-demencija-skoro-sekoja-porachka-e-pogreshna-a-gostite-ne-se-bunat-10.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Неуспешно запросување во Рим – девојка го одби дечкото пред толпа луѓе „Не сум подготвена. За ова ли дојдовме во Рим?“ – вели изненадената девојка која...
Преживеаните скокаат од балкон за да спасат – Застрашувачки видеа од пожар на станбена зграда во Шпа... Пожарот избувнал во еден од становите, а се проширил низ сите 138 стана. Погледн...
Фановите на британското кралско семејство гневни за лампионот со ликот на принцот Вилијам: „Ова е на... „Вилијам не можеле да го направат погрд“ – фановите на британското кралско семеј...
Британскиот Бил Гејтс исчезна со ќерка му: Потона јахтата во Сицилија каде го славел ослободувањето ... Основал софтверска компанија која ја продал за 11 милијарди долари на гигантот H...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Се разведе од сопругот преку Инстаграм – Принцезата од Дубаи со емотивна објава за татко ѝ кој ѝ бил... Трипати го спомна зборот „развод“ на Инстаграм со што веднаш и без законска проц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg