Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка со парализа инспирира: Вујко ѝ ја носеше на грб, леташе со параглајдер, не чувствува ништо при секс, но може да забремени

Додека одела во средно училиште, Џесика на часовите ја придружувал личен асистент.

Но, освен движењето, повремено има уште поголеми проблеми - ако не оди на време во тоалет, крвниот притисок може вртоглаво да ѝ се крене, таа почнува да се поти, да поцрвенува и дише отежнато.

Џесика повремено одговара на прашањата на следбениците, а нив ги интересира и нејзиниот сексуален живот.

„Ова може да биде доста тешко. Дури и мажите кои мислат дека се подготвени за предизвиците што доаѓаат кога излегуваат со жена која е во инвалидска количка, обично се откажуваат.

И сексот е незгоден. Ако имам секс, не чувствувам ништо однадвор, не можам да почувствувам ништо однатре.

Но, менструалниот циклус не ми е променет, па можам да забременам“, вели таа.

@jesstawil

🙊 #foryoupage #foryou #fyp #bekind #needtoknow #STEMlife #medical #weekendvibes #disability #spinalcordinjury #productivity #education #health

♬ You Say - Piano Instrumental - Rick Austin Evans

Џесика сепак се обидува да живее нормално.

Таа дипломираше, иако вели дека од страв дека луѓето ќе ја сожалуваат, прво не сакала да оди на факултет.

Патува често, дури и леташе во параглајдер.

Таа неодамна беше во Дубаи и уживаше во луксузот на градот.

Но, сподели и видео од Либан, каде што нејзиниот вујко ја носи на грб по стотина скали, за да ја качи до една од туристичките локации во Танурин, каде што нема пристап за инвалидска количка и со ова предизвика воодушевување.

Сепак, најголемата поддршка ја има од својот 8-годишен брат.

Вели, тој се родил брзо откако таа останала парализирана, но сега е веќе големо момче кое ѝ помага во сè.

„Требаше тој да се роди за да живеам и јас со него“, вели Џесика.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg