Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојка со парализа инспирира: Вујко ѝ ја носеше на грб, леташе со параглајдер, не чувствува ништо при секс, но може да забремени

„Како е да имаш секс со парализа? Не чувствувам ништо ни однадвор, ни однатре. Но, имам редовен циклус, па можам да останам бремена“, вели во едно од своите видеа Џесика Тавил, која скоро 9 години е парализирана од половината надолу, но не се откажува од убавите страни на животот.

devojka-so-paraliza-motivira-preku-pozitivni-videa-vujko-i-ja-noseshe-na-grb-letashe-so-paraglajder-ne-chuvstvuva-nishto-pri-seks-a-mozhe-da-zabremeni-01.jpg

Вујко ѝ ја носеше на грб за да види туристичка знаменитост во Либан, леташе со параглајдер – и покрај тоа што е неподвижна од половината надолу (параплегија), Џесика Тавил (24) не се откажува од патувањата и убавините на животот. Таа постојано ги мотивира своите следбеници на Инстаграм и ТикТок со реални видеа за тоа како изгледа животот на параплегичар.

Светот на оваа Американка со либанско потекло, се срушил во една секунда, кога на 15 ноември 2014 година доживеала сообраќајна несреќа, по која останала парализирана од половината надолу.

Џесика била на гости кај своја пријателка, кога дошле неколку мажи кои таа не ги познавала, а со себе имале дрога и алкохол.

Во видеата што ги споделува на ТикТок, таа тврди дека сè почнало како шега, но дека ја „киднапирале“, ја одвеле на напуштен пат и ги игнорирале нејзините барања да ја пуштат да си оди дома.

„Кога дојдовме на овој пат, возачот го запре автомобилот. Потоа ги стави нозете истовремено на педалата за гас и на сопирачката, сакајќи да остави траги на асфалтот со тркалата.

Но, изгуби контрола над автомобилот и удри во дрво“, вели таа за BuzzFeed.

devojka-so-paraliza-motivira-preku-pozitivni-videa-vujko-i-ja-noseshe-na-grb-letashe-so-paraglajder-ne-chuvstvuva-nishto-pri-seks-a-mozhe-da-zabremeni-02.jpg

Нејзините повреди биле многу тешки – таа имала повреда на главата што ѝ го распукала черепот и повреда на 'рбетниот столб поради што останала неподвижна од половината надолу.

Сега, во тој дел од телото не чувствува ништо и не може да го движи.

„Болничарите подоцна ми кажаа дека сум загубила крв колку цело шише и мислеле дека нема да преживеам ако ме возат со амбулантното возило до болница. Па, ме однеле до блискиот фудбалски терен и со хеликоптер ме префрлиле во болницата“, вели таа.

@jesstawil

IG: @jesstawil 🤍 #fyp #beforeandafter #foryou #pov #paralyzed #mentalhealthawareness #disability #spinalcordinjury

♬ 16yo you - Joey Kidney

Луѓето со кои доживеала сообраќајна несреќа не се казнети на никаков начин и никој од нив не отишол во затвор, бидејќи полицијата не направила алкотест, па на суд бил нејзиниот збор против нивниот.

На социјалните мрежи Џесика споделува и видеа од времето поминато во болница, на кои се гледа како вреска од болка додека лекарите и медицинските сестри го движат нејзиното тело.

@jesstawil

#inanotherlife #fyp #foryou #foryourpage #createkindness #weekendvibes #mentalhealthmatters #disabilitypride #whatitslike #spinalcordinjury

♬ original sound - Gtz_Fabiola

Откако закрепна доволно за да ја напушти клиниката, таа помина 7 месеци на рехабилитација, каде што научи како да се движи со инвалидската количка за да не биде цело време зависна од други луѓе.

Кога оди да спие, Џесика ги користи рацете за да го постави долниот дел од телото, да се симне од количката, па да влезе во креветот и да легне во безбедна положба. Таа ноќе не се врти и не ја менува положбата - како ќе легне да спие, така ќе се разбуди.

За да влезе во автомобил, Џесика мора внимателно да ја отвори вратата и да ја постави својата количка до предното седиште.

Таа користи дрвена штица како мост од количката до седиштето во автомобилот - го крева своето тело на дрвото и го префрла малку по малку во седиштето.

@jesstawil

#foryoupage #fyp #foryou #spinalcordinjury #paraplegic #wheelchair #disability #survivor #disabled #hellowinter #bekind #weekendvibes #needtoknow

♬ The Wisp Sings - Winter Aid

Џесика секојпат мора дополнително да внимава при движењето на телото. Бидејќи не чувствува болка од половината надолу, таа нема да знае ако се повреди.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg