„Не ги бричам нозете и пазувите и на тој начин се штитам од несакани машки погледи“
- Детали
- недела, 13 август 2023
Ви делуваат ли влакната на телото одбивно и би се откажале ли од депилација за мажите да не гледаат во вашите нозе? Млада девојка од САД тврди дека на тој начин успева да се заштити од несаканите погледи на мажите во јавност, кои ѝ пречат.
Орим е млада девојка од САД, која на социјалните мрежи објавува видеа и фотки на кои ги покажува влакната под пазувите, за кои вели дека служат за да ѝ помогнат да се заштити од несаканите машки погледи.
На својот ТикТок профил таа редовно споделува видеа со совети за здрава исхрана, а во едно од нив откри како случајно открила дека влакната под пазувите и на нозете се одлични за да се спаси од несаканото внимание од мажите.
„Мислам дека имам успех во 90 отсто од случаите“ – вели таа.
Таа ја раскажува приказната како влакната на нозете ѝ помогнале да се заштити од погледите на повозрасен господин кого го сретнала во маркет додека биле во шопинг со мајка ѝ.
„Мајка ми не ги забележува туѓите погледи во јавност, што мене ми е чудно, затоа што таа е прекрасна, и знам дека мажите зјапаат во неа, но таа е во свој свет, а јас лично имам проблем кога треба да ги игнорирам и ми пречи“ – раскажува девојката.
Та раскажува како мажот уште повеќе се доближил до мајката и ќерката и гледал во нив иако во мигот до него била неговата сопруга.
Но, кога дошол доволно блиску да ги види влакната на нејзините нозе веднаш го звртел погледот и побегнал.
„Почувствував неизмерно задоволство. Во тој миг тој повеќе не ме гледаше како сексуален објект, а јас се чувствував убаво“ – вели таа и надополнува дека е мошне непријатно чувството кога девојките се сексуализираат и кога нив ги гледаат како играчки.
Како што вели, ниту една жена не сака да ја гледаат како предмет, туку со почит.
„Тажно е што морам да се откажам од депилирање за да ме гледаат со почит, но ако тоа е потребно, тогаш ќе го направам“ – вели таа.
@orim If i had a podcost id make an episode on this. I feel like i barely scratched the surface here. #womenwithbodyhair #foryou #beautystandards
♬ original sound - Orim
Што мислите вие? Делуваат ли влакната на телото одбивно и би се откажале ли од депилација за мажите да не гледаат во вашите нозе?
Б. С. Б. | Црнобело