Позитива на денот: Детенце (3) со Даунов синдром се поздравува со сите патници во воз (видео)

На емотивно видео направено во воз во Франција се гледа како 3-годишно детенце со Даунов синдром застанува до сите патници, нежно ги допира и се поздравува со нив. Според неговите родители, детенцето поминало цели два часа од патувањето поздравувајќи се и разговарајќи со патниците.

pozitiva-na-denot-detence-3-so-daunov-sindrom-se-pozdravuva-so-site-patnici-vo-voz-video.jpg

Ако денес ви треба нешто што ќе ви го подобри расположението, веруваме дека слаткиот гест на детенце од Франција ќе успее во тоа.

3-годишниот Исак Дриш од Франција има Даунов синдром, а видеото што го споделија неговите родители ќе ви го стопи срцето.

Слаткиот Исак патувал со воз со неговите родители Винсент (33) и Алис (29).

На видеото се гледа како семејството се движи кон нивните седишта, додека малиот Исак нежно ги допира патниците и ги поздравува.

Според неговите родители, Исак поминал два часа од патувањето во поздравување и разговарање со патниците.

pozitiva-na-denot-detence-3-so-daunov-sindrom-se-pozdravuva-so-site-patnici-vo-voz-video-02.jpg

„Исак патува со нас уште од најрана возраст. Тој многу сака да запознава нови луѓе, па не бевме изненадени што го направи ова“, открива татко му Винсент.

Тој истакнува и дека Исак секогаш сака да си разговара со луѓе.

„Кога патуваме, Исак секогаш им пријадува на луѓето, седнува до нив и си комуницира на негов начин. Сепак, ова е првпат да се поздравува со секој со толкав интензитет.

Луѓето секогаш реагираат позитивно. Допрени се. Исак често знае да ги насмее, дури и кога се заспани, а тој ги буди за да се поздрави со нив“.

pozitiva-na-denot-detence-3-so-daunov-sindrom-se-pozdravuva-so-site-patnici-vo-voz-video-03.jpg

Винсент вели и дека малиот Исак имам многу развиена емоционална интелигенција.

„Дауновиот синдром може да предизвика шесто емоционално сетило, Исак го има. Тој ги разбира емоциите на луѓето како никој друг. Има капацитет да почувствува многу повеќе работи од нас!

Некогаш ова е како меч со две сечила бидејќи ја впива секоја емоција, но некогаш е неверојатно. Таков е Дауновиот синдром“.

pozitiva-na-denot-detence-3-so-daunov-sindrom-se-pozdravuva-so-site-patnici-vo-voz-video-04.jpg

Винсет истакнува дека состојбата на Исак си носи и предизвици.

„Нормално, некои денови Дауновиот синдром е поголем предизвик, но кога Исак се однесува како во видеото, знаеме дека го користи неговиот дар, неговиот екстра хромозом го претвора во негова јака страна.

Па, со сопругата сме восхитени од неговата добрина во ваквите моменти“.

Погледнете го слаткото видео:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg