Емотивно видео: Детенце го поканило Ед Ширан на 6-тиот роденден – Пејачот го изненади со подарок и слатка порака
- Детали
- среда, 19 јули 2023
Кога Ед Ширан дознал дека детенце сака тој да присуствува на неговиот 6-ти роденден, му испратил подарок – гитара, тетратка и микрофон, со порака во која му порачува да ги искористи за да почне да пишува музика како него.
Дури и оние кои не ја сакаат музиката на Ед Ширан, се согласуваат дека музичарот е една од најдобрите личности во светот на шоу-бизнисот. Секогаш е скромен и има одличен однос со неговите фанови.
Сега, музичарот уште еднаш покажа зошто е миленик на јавноста.
Жена од Америка – Александра Ламоро – сподели неколку видеа на ТикТок во кои откри дека нејзиниот син е огромен фан на Ед Ширан, но и дека пејачот му приредил слатко изненадување за роденденот.
За шестиот роденден, малото момче сакало тематска забава инспирирана од Ед Ширан.
Тој сакал лизгалка со вода, колачиња со ликот на пејачот, а посакал и самиот Ед да му дојде на роденден.
Со цел да му ја исполни желбата, мајката направила тематска забава и покани за прославата кои изгледаат како билет за концерт на Ед Ширан.
Во едно од видеата, мајката вели дека на шега му рекла на синот дека ќе го покани пејачот, па детенцето било убедено дека тој ќе дојде.
Истовремено, синчето било сигурно дека пејачот ќе му донесе микрофон за подарок.
На крајот од видеото, мајката прашува совет за што да направи за да не го разочара синчето.
@alex.lamx So, ugh what do you say, @Ed Sheeran ?? We will have an inflatable water slide and cupcakes with your face on them and everything!! 😂😂 #kidssaythedarnestthings #kids #boymom #edsheeran #edsheeranfan #edsheeransbiggestfan #edsheerantour #edsheeranlive #edsheeranlive #birthday #birthdaytheme #fyp #foryou #kidsbirthdaypartyideas #kidsbirthdayparty #parentingfail #greenscreen #funny #celebrity
♬ original sound - Alexandra Lamoreaux 🖤
Но, наместо да ѝ делат совети, корисниците на ТикТок почнале да го тагираат пејачот во коментари за да му го привлечат вниманието.
И, успеале.
Ед не отишол на роденденот, но му испратил подарок на детенцето.
На друго ТикТок видео се гледа како детенцето стои пред огромна кутија на која пишува „До: Рен, од: Ед“.
Пејачот му подарил гитара, маичка, негов албум со автограм, микрофон и други ситници како кадифена играчка и тетратка.
Пејачот му напишал и порака:
„Рен, извини што не можев да дојдам на твојата роденденска забава, се надевам дека беше одлична.
Ти подарувам тетратка, микрофон и гитара, за да можеш да почнеш да пишуваш песни како мене“.
Пејачот оставил и коментар на емотивното видео:
„Мило ми е што му се допаѓа. Многу љубов“.
@alex.lamx Replying to @Jen Ren’s reaction to his birthday present from @Ed Sheeran This has got to be one of the best experiences of our entire lives! My mama heart has been bursting with joy and gratitude. Sorry for the annoying mom voice😬 but i was just so freaking excited for Ren I couldn’t help it!! You know Ren is genuinely happy when he goes kind of quiet like this, I love him so much. And obviously Tuck gets loud 😂😬 Will never be able to express my gratitude to every single person that made this happen for him🤟🏻🤟🏻 #edsheeran #edsheeranrecoveryy #edsheerantour #edsheeranbirthdayparty #edsheeranlive #kidsbirthday #kidsbirthdayparty #momlife #sahm #birthday #birthdaypartyplanning #surprise #partyplanning #summerparty #waterparty #kidsparty #birthdaypartytheme #fyp #foryou #foryoupage #edsheeranconcert #celebrity #partyplanningtips #feelgoodmoments
♬ original sound - Alexandra Lamoreaux 🖤
Во коментари, корисниците се восхитуваат на добрината на пејачот.
„Ти благодарам Ед Ширан што си прекрасен дечко“.
„Ед Ширан, ти благодарам што му го разубави животот на ова дете“.
„Ед Ширан е навистина приземјен и се грижи за неговите фанови“.
Спирова С. | Црнобело