Маж излезе од море во Лорет де Мар со октопод „залепен“ на грбот: „Ова е љубов на прв поглед“ (видео)
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
„Јас би врескал на цел глас“ , „Мислам дека веднаш би доживеала инфаркт да ми се случи ова“ – стои во дел од коментарите за видеото на кое се гледа како еден маж излегува од вода со залепен октопод на грбот во Лорет де Мар во Шпанија.
На Фејсбук групата „Грчка инфо“ споделено е видео од Тикток, на кое се гледа како маж излегува од море со октопод залепен на грбот. Луѓето околу него се обидуваат да го извадат октоподот, но залудно – тој стои цврсто прилепен за него.
Членовите на групата имаат најразлични коментари за тоа што би направиле кога ним би им се случило истото.
„Мислам дека веднаш би доживеала инфаркт кога би ми се случило ова“,
„Ова е бесплатна масажа“,
„Би паднала во несвест во истиот миг“,
„Само уште ова ми недостигаше да го видам“,
„Овој октопод е навистина вљубен“,
„Ова е љубов на прв поглед“ – стои во дел од коментарите.
Инаку, видеото оригинално на ТикТок е објавено од Кристијан Кастања, кој на него напиша:
„Кога имаш тетоважа за ловење октоподи“.
Во прашањата во коментарите, тој одговори дека октоподот не му ја оштетил кожата, а дека видеото е снимено во Лорет де Мар во Шпанија.
Погледнете го видеото:
@christiancastagna7 Io ed il mio amico polpo #sunmer #foryou #viral #fyp
♬ suono originale - Gigi Soriani
Б. С. Б. | Црнобело