Девојка (18) од САД има отечена рака поради нарушување: „Има злобни луѓе кои ми велат да ја ампутирам“

Младата Американка Оливија има ретко нарушување поради кое едната рака ѝ е отечена. За нејзината состојба нема лек и таа вели дека онлајн често добива злобни коментари, но истакнува дека ги игнорира и не дозволува да допрат до неа.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-01.jpg

Оливија Клопчин од САД е 18-годишна девојка со ретка болест поради која едната рака ѝ е отечена.

Младата девојка има половина милион следбеници на ТикТок, а преку нејзиниот профил сака да ги нормализира разликите помеѓу нив.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-04.jpg

Оливија вели дека покрај поддршката, честопати се соочува со злобни коментари, а некои оделе дотаму што ја „советувале“ да си ја ампутира раката.

Убавата девојка има васкуларна малформација – нарушување кое се карактеризира со абнормален развој на крвните садови и во случајот на Оливија предизвикало отекување на целата рака.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-05.jpg

Долго пред раката да почне да ѝ отекува, лекарите биле загрижени за нејзината здравствена состојба. Имено, Оливија се родила со модринка на раката.

Набрзо потоа ѝ ја дијагностицирале болеста.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-07.jpg

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-08.jpg

Раката почнала да ѝ отекува уште во детството, но таа истакнува дека изгледот ѝ е најмалиот проблем – многу повеќе ѝ пречи болката.

„Васкуларната малформација предизвикува болка бидејќи крвта се згрутчува во вените, а згрутчената крв во вените може да биде многу, многу болна. За среќа, јас немам чести болки како некои други луѓе со истата болест.

Имам околу три болни згрутчувања во текот на година, како и по неколку во текот на месецот, но тие не се многу болни“.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-02.jpg

Кога станува збор за злобните коментари, Оливија вели дека не дозволува да допрат до неа. Притоа, открива дека во детството немала проблем и дека луѓето се позлобни онлајн.

„Воопшто не ми беше тешко додека растев. Секако, имаше луѓе кои зјапаа, но од рана возраст сфатив дека луѓето ќе гледаат во мене, а јас не можам да направам ништо за тоа“.

devojka-so-otechena-raka-poradi-narushuvanje-shiri-pozitiva-ima-zlobni-lugje-koi-mi-velat-da-ja-amputiram-gi-ignoriram-10.jpg

„На интернет сум видела секакви реакции. Некои луѓе се прекрасни и ми кажуваат колку сум убава и колку ми ја сакат самодоверба.

Но, овде се и негативните луѓе кои пробуваат да ме повредат. Сепак, секогаш ќе има негативни луѓе онлајн – тоа е нешто од коешто не можеме да избегаме“.

@oliviaklopchin

Good nuf #vascularmalformation #birthdefect #trending #fyp

♬ I DIDNT KNOW THIS WAS VIRAL OMG - algeos_vsp

@oliviaklopchin

Lol #vascularmalformation #birthdefect #trending #fyp

♬ original sound - her

@oliviaklopchin

Cute #birthdefect #vascularmalformation #trending #fyp

♬ Makeba - Jain

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg