Сите детали за трагичната смрт на двајцата тинејџери во Грција, која го потресе регионот
- Детали
- среда, 05 јули 2023
Минатиот викенд двајца 18-годишни пријатели од Ирска загинаа на грчкиот остров Иос, и тоа во рок од само неколку часа. Едното момче паднало од карпа, а за другото се претпоставува дека починало од шокот од смртта на пријателот, бидејќи имало проблеми со срцето. Истрагата уште трае, а надлежните велат дека чекаат резултати од аутопсиите.
Јавноста сè уште е во неверување за трагедијата што се случи во Грција викендов – двајца тинејџери загинаа на грчкиот остров Иос во период од ден-два.
Уште поморничаво е што момчињата од Ирска се од исто училиште и дошле во Грција со соучениците за да прослават за крајот на средношколските денови.
Што им се случило на момчињата и како трагично го загубија животот во речиси ист ден?
Летово стотина средношколци од Ирска отишле на грчкиот остров Иос за да го прослават матурирањето, а помеѓу нив биле и 18-годишните Ендру О’Донел и Макс Вол, кои биле добри пријатели.
Во саботата (01.06) наутро, Ендру си одел кон хотелската соба, по излегување со соучениците. Се претпоставува дека тргнал по погрешен пат и се нашол на карпи, од каде што паднал ѝ си ја удрил главата.
Во сабота, околу 21 часот навечер, пријателите го пријавиле Ендру за исчезнат.
За жал, околу 10:30 следното утро, неговото тело било најдено на дното на карпите.
Истиот ден, пријателот на Ендру – Макс Вол – дознал за неговата смрт, а кратко потоа и самиот починал.
Макс (лево) и Ендру (дено)
Според понови информации, пред да ги слушне страшните вести, Макс го поминал целиот ден барајќи го својот другар. Дури отишол и во копирница за да направи летоци со надеж дека ќе го најде побрзо.
Кога дознал за смртта на Ендру, решил да се врати во Ирска.
Во неделата чекал брод на пристаништето, кога изгубил свест. Била повикана брза помош и болничарите го однеле во болница, но Макс бил прогласен за мртов само што пристигнале.
Наводно, Макс имал проблеми со срцето – пред околу три години му била направена операција.
Според надлежните, истрагата сè уште трае и наскоро би требало да има одговори за тоа што му се случило на Ендру и како паднал од карпите.
Деновиве се ширеа гласини дека можеби некој му ставил нешто во пијалакот, но надлежните велат дека не се сомневаат во нешто такво.