Сите детали за трагичната смрт на двајцата тинејџери во Грција, која го потресе регионот

„Ендру беше најден на пат помеѓу пристаништето и градот. Изгледа дека паднал. Макс беше најден многу блиску до местото во коешто отседнувал.

Слушнавме дека имал историја со проблеми со срцето, но одговорите ќе ни ги дадат аутопсиите. Причината за двете трагедии ќе стане јасна откако ќе бидат направени аутопсии“, изјави грчки полицаец кој работи на случајот.

slavele-kraj-na-uchebna-godina-bile-dobri-prijateli-site-detali-za-tragichnata-smrt-na-tinejdzherite-vo-grcija-03.jpg

Друг полицаец вели дека Макс бил многу потресен кога слушнал за смртта на Ендру.

„Макс изгуби свест кога слушна што се случило. Сите ја зборуваат вистината, дека овој инцидент е како грчка трагедија. Целиот остров е во шок.

Макс само колабира и умре. Беше однесен во локалната болница и беше прогласен за мртов“.

slavele-kraj-na-uchebna-godina-bile-dobri-prijateli-site-detali-za-tragichnata-smrt-na-tinejdzherite-vo-grcija-08.jpg

Во истрагата се вклучија и детективи од Ирска кои потврдија дека Макс имал проблеми со срцето.

За трагедијата се огласи и директорот на училиштето во коешто учеле момчињата.

„Ендру паднал. Ако одел метро или две понастрана, можеби немало да падне. Ова е огромна трагедија. Сите сме трауматизирани. Овие две момчиња можеа да остават голем белег во светот.

Беа прекрасни млади момчиња. Одлични рагбисти, а Ендру играше и фудбал. Требаше да го слават нивниот успех, но наместо тоа нивните родители се на брод со две кутии во кои стојат нивните тела“.

slavele-kraj-na-uchebna-godina-bile-dobri-prijateli-site-detali-za-tragichnata-smrt-na-tinejdzherite-vo-grcija-07.jpg

Денес (05.07) се очекува и другите ученици од училиштето да се вратат во Ирска, каде што ќе се одржи меморијална служба во чест на починатите момчиња.

„Беа многу популарни и на нивните ковчези беа ставени илјада жолти рози пред да бидат ставени на бродот со нивните семејства. Учениците останаа на пристаништето на Иос додека бродот не им се изгуби од видик“, додава директорот.

slavele-kraj-na-uchebna-godina-bile-dobri-prijateli-site-detali-za-tragichnata-smrt-na-tinejdzherite-vo-grcija-04.jpg

slavele-kraj-na-uchebna-godina-bile-dobri-prijateli-site-detali-za-tragichnata-smrt-na-tinejdzherite-vo-grcija-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Татко му го тепал, не му дозволувал да спие за да игра шах – Тешкото детство на Ендру Тејт Таткото на Ендру Тејт, кој бил воен ветеран и успешен шахист, го форсирал син му...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Сопругот ми купи приватен остров од 50 милиони долари, за да можам да носам бикини“ „Можел да ти изгради и базен во дворот“ – стои во некои од зајадливите коментари...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg