Си го затнува носот, се мурти: Принцот Луи е ѕвезда на роденденската парада на кралот Чарлс (фото)
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2023
Со смешните гримаси и реакции на непријатниот мирис од коњите што ја влечеа кочијата, принцот Луи повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат за време на роденденската парада на кралот Чарлс.
Принцот Луи повторно покажа дека е најголемата ѕвезда од британското кралско семејство на уште еден важен настан.
Викендов се одржа настанот Trooping the Colour со кој се одбележува официјалниот роденден на британскиот монарх – кралот Чарлс.
Во склоп на настанот има и парада во која учествуваат најистакнатите членови на кралското семејство.
Покрај Камила, дел од парадата беше Кејт со децата.
Тие седеа во кочија, а според фотките, малиот принц Луи не е многу воодушевен.
Кочијата на кралското семејство беше влечена од коњи, а на 5-годишниот принц веројатно не му се допаѓаше непријатниот мирис.
На повеќето фотки од кочијата, тој си го држи носот затнат, а одвреме-навреме прави и смешни гримаси.
Малиот принц го покажа својот шарм и додека стоеше на балконот од Бакингемската палата со неговото семејство.
На моменти изгледаше како да му е здодевно, повторно правеше смешни гримаси, а на крај си ги покри и ушите кога над палатата летаа авиони.
Прочитајте и: Хит меме: Принцот Луи (4) со нови смешни фацки повторно главна ѕвезда на јубилејот на кралицата
За настанот, целото кралско семејство изгледаше беспрекорно.
Малиот Луи и брат му Џорџ носеа костуми и црвени вратоврски, додека принцезата Шарлот носеше бел фустан со црвена панделка.
Кејт Мидлтон носеше зелен фустан и зелен шешир, додека принцот Вилијам беше во униформа.
За потсетување, британските владетели слават два родендена – на денот на којшто се родени и нивниот таканаречен „официјален роденден“.
Парадата Trooping the Colour се одржува за време на официјалниот роденден, најчесто во јуни.
Славењето во топлите месеци потекнува од кралот Едвард VII, чиј роденден бил во ноември.
Бидејќи тој период времето во Англија е многу непредвидливо, решил официјалната прослава да продолжи да се одржува во мај или јуни.
И кралот Чарлс е роден во ноември.
Спирова С. | Црнобело