Почина Силвио Берлускони, контроверзниот италијански премиер чиј живот го одбележаа секс скандали, затвор и корупција
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, почина на 12 јуни 2023, 86-годишна возраст во болница во Милано. Ќе остане запаметен како најконтроверзниот италијански премиер на сите времиња, медиумски тајкун и човек чија кариера ја одбележаа затворска казна и секс скандали.
Некогашниот италијански премиер и некогашен сопственик на ФК Милан, Силвио Берлускони, почина на 86-годишна возраст. Контроверзниот политичар и медиумскиот тајкун, веќе некое време боледуваше од леукемија.
Почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, каде што помина шест недели оваа пролет на третман за белодробна инфекција поврзана со хронична миеломоноцитна леукемија пред да биде повторно примен на 9 јуни 2023 година, кога му се влоши ситуацијата.
Берлускони, кој водеше три италијански влади меѓу 1994 и 2011 година, а чија партија Форца Италија е партнер во сегашната владејачка коалиција, беше еден од најистакнатите италијански политичари.
Неговото владеење во политиката го одбележаа секс скандали, безброј обвинувања за корупција и пресуда за даночна измама. И покрај сето ова, Берлускони во 2017 година се врати во политиката.
Роден е во Милано во 1936 година во семејство од средна класа. Берлускони го основа „Mediaset“, најголемиот комерцијален радиодифузер во Италија, а меѓу 1986 и 2017 година беше сопственик на фудбалскиот клуб Милан.
Својатa партија Форца Италија ја основа во 1993 година, а веќе во 1994 беше избран за премиер на земјата. Неговиот втор мандат, помеѓу 2001 и 2006 година, е најдолгиот на некој италијански лидер по Втората светска војна.
Берслускони и третпат се врати на власт, во 2008 година, но поднесе оставка во 2011 година поради должничка криза во земјата, по што беше и осуден и помина една година во затвор.
Берлускони беше вистинска ѕвезда во Италија, а неговото име постојано се спомнуваше во медиумите.
Тој беше двапати разведен, а во 2022 година се ожени третпат, со неговата 53 години помлада девојка, пратеничката Марта Фашина (33).
Но, освен по трите брака, Берлускони ќе остане запаметен и по аферата „Бунга бунга“ од 2013 година, кога доби 7 години затвор за плаќање секс на малолетната 17-годишна Руби Рубакуора. Пресудата подоцна беше поништена.
Прочитајте и Правеше луксузни секс-забави, сопругите ги менува за помлади, а на 85 години се ожени по третпат – Факти за Силвио Берлускони
A. J. | Црнобело