Правеше луксузни секс-забави, сопругите ги менува за помлади, а на 85 години се ожени по третпат – Факти за Силвио Берлускони
- Детали
- вторник, 22 март 2022
Силвио Берлускони важи за еден од најскандалозните и најконтроверзните политичари во поново време, а со оглед на тоа што сѐ уште не може да стапи во брак со неговата 53 години помлада девојка заради проблемите со наследството тешко 8 милијарди долари, сега одлучи да направи само симболична свадбена прослава.
Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони (85) направи симболична свадба со неговата 53 години помлада девојка, пратеничката Марта Фашина (32).
Берлускони и Фашина се подолго време во врска, а неодамна се појавија фотографии и видео на кои се гледа дека тие двајцата уживаат во својата „прослава на љубовта“ на имотот Вила Џернето во градот Лесмо.
Марта на фотографиите носи венчаница, заедно ја пресекоа и тортата, направија забава за пријателите и за најблиските, но легално не се во брак.
Иако церемонијата во голема мера наликуваше на свадба, поранешниот премиер сепак не може да стапи во брак по третпат со својата девојка заради конфликтите со богатството во семејството Берлускони.
Се верува дека петте деца на Берлускони не прифаќаат нивниот татко да се ожени со 32-годишната пратеничка затоа што на тој начин таа ќе стекне право на неговото богатство тешко околу 8 милијарди долари.
Поранешниот италијански премиер и медиумски магнат зад себе има два легални брака. Пред врската со Марта беше свршен со друга девојка, а во последните 20-тина години често беше топ-тема во медиумите заради големиот број скандали што го следеа.