Бизарно: Возрасни фанови на Тејлор Свифт носат пелени на нејзин концерт за да не испуштат ниту една песна

Неколку девојки на ТикТок се пофалија дека носат пелени за возрасни на концерт на Тејлор Свит за да не испуштат ниту секунда од настанот. Но, колку бизарно и да ни звучи ова, се чини дека овој „тренд“ не е ништо ново помеѓу фановите на пејачката.

bizarno-fanovi-na-tejlor-svift-nosat-peleni-na-nejzin-koncert-za-da-ne-ispushtat-nitu-edna-pesna01.jpg

Секој од нас сонува барем еднаш да го слушне во живо својот омилен бенд или изведувач.

Многумина се подготвени да платат и многу пари за да присуствуваат на концерт на својот идол.

Но, повеќето сигурно не преземаат драстични мерки за да не испуштат ниту една песна.

Ова не важи за неколку фанови на Тејлор Свифт кои, од оваа причина, одлучиле да носат пелени за возрасни на нејзин концерт.

bizarno-fanovi-na-tejlor-svift-nosat-peleni-na-nejzin-koncert-za-da-ne-ispushtat-nitu-edna-pesna-03.jpg

За бизарниот „тренд“ кој е популарен меѓу најголемите фанови на Тејлор, јавноста дозна од ТикТок.

Неколку девојки кои присуствувале на концерти на Тејлор, самите се пофалија за нивниот „генијален“ трик.

Една тиктокерка, Кетрин, присуствувала на концерт во Хјустон и на ТикТок откри дека покрај билети, ќе купи и пелени.

„Низ колку стрес поминав за да купам билети за Тејлор Свифт. Ќе купам и пелени за возрасни бидејќи не сакам да испуштам ниту една минута од концертот“, вели таа во видеото.

https://www.tiktok.com/@therealkatherine/video/7213119370648653098

Во коментари, таа добива поддршка:

„Ова е паметно“.

„Исто, не планирам да испуштам ниту една секунда“.

„За тие пари што ги дадов за концертот, и јас ќе го правам истото. Можно е и цел ден да не пијам вода“.

bizarno-fanovi-na-tejlor-svift-nosat-peleni-na-nejzin-koncert-za-da-ne-ispushtat-nitu-edna-pesna-02.jpg

Друга тиктокерка, Маделин, сподели видео на кое се гледа како облекува пелена за возрасни пред да оди на концерт на Тејлор.

Овојпат, во коментари има и запрепастени корисници, но и девојки кои ја поддржуваат и велат и дека и самите носат пелени.

https://www.tiktok.com/@madelinedolaway/video/7234523804150615323

Една девојка споделила и видео од концертот, со опис:

„Никој не знае дека носам пелена“.

https://www.tiktok.com/@ilovejalepenochips/video/7212143995697237290

Бизарно, зарем не?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„Се омажив во Дубаи за пари, сопругот ми дава месечен џепарлак од над 30.000 долари“ Малајка е една од бројните жени, односно богати домаќинки во Дубаи и сака да се ...
Исповед на мајка: „Немам пари за екскурзиите на децата – се срамам кога роднините ми нудат помош“ „Ми беше тешко да му соопштам на синот дека нема да оди со другарчињата. Видов к...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg