Милионер (45) сака телото и половиот орган да му бидат како на 18-годишник - вбризгува крв од синот за да се подмлади
- Детали
- вторник, 23 мај 2023
Брајан Џонсон (45) вели дека целта му е неговиот мозок, црн дроб, бубрези, заби, кожа, коса и полов орган да функционираат како повторно да има 18 години. Овој контроверзен американски милионер вложува во експериментална процедура за трансфузија на крв од синот за да се подмлади.
Ексцентричниот технолошки милионер Брајан Џонсон (45) од САД неколку години наназад вложува милионски суми за да го спречи стареењето затоа што сака повторно да наликува како да има 18 години, а сега ќе се обиде со нов трик – бара да му вбризгаат крвна плазма од неговиот син.
Брајан Џонсон е познат милионер во технолошката индустрија и сопственик на компанијата Kernel Holding, кој во изминатите години троши милиони за да го запре стареењето.
Претходно, тој примаше трансфузија на крвна плазма од здрави анонимни донори, но сега планира негови донори да бидат неговиот 17-годишен син Талмаџ и неговиот 70-годишен татко Ричард, а истовремено процедурата ќе биде тестирана и врз нив.
На овој начин, Брајан вели дека ќе се поправат оштетувањата на клетките настанати од стареењето, така што ќе се замени старата крв од старото тело, со нова, млада крв.
Тој тврди дека благодарение на процедурите од изминатите две години успеал да го врати биолошкиот часовник за најмалку 5 години и сега срцето му е со возраст на 37-годишен човек, кожата му наликува на 27-годишник, а капацитетот на белите дробови и физичката подготвеност му се како на 18-годишник.
Досега, процедурата со замена на крвта била тестирана само врз глувци, откако научниците на универзитетот Беркли докажале дека мешањето на стара и млада крв предизвикува промена во староста на клетките.
Брајан за првпат ќе ја тестира оваа метода врз себе и своите татко и син.
Се верува дека кај синот Талмаџ, замената на крвта ќе предизвика побрзо стареење (затоа што ќе прими крв од двајца повозрасни донори), Брајан ќе успее уште повеќе да се подмлади, а таткото Ричард ќе има најголема корист затоа што ќе добие крв од двајца помлади и здрави донори.
Освен што се подложува на скапи медицински процедури, Брајан користи и други методи што треба да му помогнат да го сопре времето и стареењето, а се придржува религиозно до неговиот режим на живеење.
Секој ден користи електромагнетни пулсирања во пелвичниот предел за да се затегнат тешко достапните мускули и секоја вечер пред спиење по два часа носи очила за да ја блокира сината светлина.
Неговата исхрана секој ден се сведува на внесување вкупно 1.977 калории.
Џонсон вели дека целта му е неговиот мозок, црн дроб, бубрези, заби, кожа, коса, пенис и ректум да функционираат како да има 18 години.
Б. С. Б. | Црнобело