Дечко од Индија има густи влакна по телото поради ретко нарушување – бил жртва на булинг, но сега е инфлуенсер

Лалит Пател од Индија е 17-годишно момче со ретко нарушување поради кое целото негово лице е покриено со влакна. Денес тој е горд на својата уникатност и е ѕвезда на Инстаграм каде што го следат над 142.000 корисници.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-01.jpg

До неодамна, поради својот уникатен изглед, Лалит бил малтретиран и се срамел од себе. Но, сега тој е ѕвезда на Инстаграм каде што има над 142.000 следбеници.

Лалит гордо ја покажува својата уникатност и се надева дека ќе им помогне и на другите кои се поразлични како него.

Младото момче се родило со влакна на телото – нешто што било вистинско изненадување за неговите родители.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-06.jpg

Најпрво тие се исплашиле дека станува збор за сериозен проблем, но по преглед лекарот им кажал дека сè е во ред.

Со години неговите родители не знаеле зошто нивното дете има влакна по телото кои наликуваат на крзно. Отишле кај безброј експерти и пробале бројни третмани, но ништо не помагало.

Па, одлучиле само да им кажуваат на сите дека Лалит има некаква вродена мана.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-05.jpg

Лалит всушност има хипертрихтоза – генетско нарушување познато и како синдром на врколак.

Синдромот е предизвикан од генетска мутација и досега во светот се забележани само 50-тина вакви случаи.

Лалит открива дека поради густите влакна се соочува со многу предизвици.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-04.jpg

Бидејќи влакната делумно му ги покриваат очите, тој не може да гледа добро. Кога, пак, јаде, влакната му одат во устата. Бидејќи има влакна и на носот, Лалит вели дека некогаш му е отежнато и дишењето.

Покрај овие проблеми, во детството Лалит бил жртва на булинг поради својот изглед.

Соучениците се шегувале на негова сметка, па дури и го нарекувале „мајмун“, а некогаш фрлале со камења по него.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-03.jpg

Но, Лалит вели дека малтретирањето престанало благодарение на наставничка која застанала во негова одбрана.

Денес Лалит не се чувствува несигурно поради својот уникатен изглед. Тој е најнормален тинејџер кој сонува да стане полицаец.

dechko-od-indija-ima-gusti-vlakna-po-teloto-poradi-retko-narushuvanje-bil-zhrtva-na-buling-no-sega-e-influenser-02.jpg

Популарен е на Инстаграм, а пробува да се пробие и на Јутјуб со гејминг видеа.

Прочитајте и: Страдал од „синдром на врколак“, го третирале како животно – потресната приказна на мажот кој е инспирација за „Убавицата и ѕверот“

Повеќе фотки од Лалит на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg