Маж од Јужна Кореја бил инженер, па си дал отказ за да патува низ светот и никогаш не се покајал (фото)
- Детали
- вторник, 16 мај 2023
„Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, но овој животен стил ми даде толку многу можности за да ја видам убавината на светот и ако не го направев ова ќе пропуштев многу“, вели Стенли Аријанто (34) од Јужна Кореја, кој никогаш не се покајал што се збогувал со професијата машински инженер.
Стенли Аријанто (34) од Јужна Кореја заработувал одлично како машински инженер, но во 2018 година донел одлука да си даде отказ и никогаш не се покајал за тоа.
Оттогаш почнал да ја следи својата страст за патување и фотографија и досега има посетено повеќе од 26 земји низ светот, од Сингапур до Австралија и САД.
„Од 2018-та година живеам во куфери. Тоа беше навистина луда одлука, а корона пандемијата само ми го отежна процесот.
Сепак, овој животен стил ми даде толку многу можности за да ја видам убавината на светот и ако не го направев ова ќе пропуштев многу.
Од качување на највисоки вулкани до уживање во Поларната светлина, не би живеел поинаку, дефинитивно“, вели Стенли, кој го привлече вниманието и со неговите опасни пози, често на раб од карпа, за кои вели дека не ги препорачува за други, но дека тој самиот точно знае како да ги изведе.
Животот на Стенли низ фотографии:
С. С. | Црнобело