„Смртта“ се појави на церемонијата, Хари го скрија со пердув од шапка – Бизарни мигови од крунисувањето на Чарлс (видео)
Принцот Хари присуствуваше на церемонијата, а потоа веднаш се врати во Лос Анџелес за да го прослави роденденот на неговиот син Арчи.
Но, она што сите го забележаа е дека слично како неговата сопруга Меган Маркл на погребот на Елизабета, овојпат тој беше скриен со пердувот од шапката на неговата тетка, принцезата Ана.
Prince Harry's view at the #coronation of his father, King Charles III, was partially disrupted by his aunt Princess Anne's large feather hat.https://t.co/S3P2z6YpTh pic.twitter.com/aHv09NMZop
— Newsweek (@Newsweek) May 6, 2023
Сите очекуваа да видат дали ќе се повторат случувањата со Чарлс во моментот кога ќе треба да се потпише во книгата и дали тој повторно ќе има инцидент со пенкалото, но тоа не се случи.
Наводно британскиот крал, откако имаше неколку инциденти со пенкалата, сега кога знае дека некаде треба да се потпише со себе си носи свое пенкало.
Relief all around as King Charles’s pen holds up under the pressure #coronation pic.twitter.com/4yW3R3GR9O
— Alex Morales (@AlexJFMorales) May 6, 2023
Принцот Луи се проѕеваше додека ја пееше националната химна.
Повторно најмалото дете на Кејт и Вилијам успеа да го украде шоуто.
Никој не му замери за малата грешка што ја направи, но сите коментираат дека тој и неговата сестра Шарлот беа неодоливи на настанот.
На церемонијата беше присутен и еден маж со бела коса, мустаќи и очила, а неговата појава привлече внимание на Твитер, па сите коментираат дека тоа е Меган Маркл, која се маскирала за да присуствува.
Megan, you’re not fooling us… pic.twitter.com/Ni5wh27keT
-->— Bob Cryer (@bobbicee) May 6, 2023
Б. С. Б. | Црнобело