„Смртта“ се појави на церемонијата, Хари го скрија со пердув од шапка – Бизарни мигови од крунисувањето на Чарлс (видео)
- Детали
- понеделник, 08 мај 2023
Хари беше присутен, но за време на преносот лицето му го скрија со пердув. За некои, видео снимката на која се гледа како човек во црна наметка се шета низ Вестминстерската опатија е лош знак за Чарлс Трети... Кои се најбизарните мигови од крунисувањето на Чарлс што привлекоа внимание?
Крунисувањето на Чарлс што се одржа во саботата (06.05) беше топ тема во британските и во светските медиуми во изминатите денови.
Но, и покрај тоа што се чини дека целата церемонија помина без поголеми инциденти, сепак твитерџиите забележаа неколку моменти што го привлекоа вниманието.
Неколку бизарни настани за време на крунисувањето на Чарлс масовно се споделуваат на социјалните мрежи, а оние што не го поддржуваат владеењето на кралот Чарлс Трети користат некои од овие мигови за да нагласат дека тие се лош предзнак за неговата иднина.
Најмногу внимание се чини дека привлече видеото од човекот со наметка кој помина во Вестминстерската опатија додека траеше церемонијата за крунисувањето на новиот британски крал.
Во еден миг, камерата во крупен план го лови човекот кој во црна наметка се шета покрај вратата на опатијата, што на Твитер предизвика лавина од коментари.
„Некој друг да не ја забележа смртта како се шета низ Вестминстерката опатија“ – стои во описот до видеото што собра милиони прегледи.
Anyone else just notice the Grim Reaper at Westminster Abbey? 👀#Coronation pic.twitter.com/77s4XIY17i
-->— Joe (@realjoegreeeen) May 6, 2023
„За кого е дојдена?“,
„Сигурно тоа е кралицата, или Дијана ја прогонува Камила затоа што ѝ го украде сопругот и круната“,
„Изгледа Меган сепак успеала да стигне на церемонијата“,
„Наликува на хорор филм“ – стои во дел од коментарите под видеото.
Уште еден бизарен момент од крунисувањето што се споделува на социјалните мрежи е моментот кога војник се струполи на земја за време на церемонијата.
Околу 4.000 војници учествуваа во церемонијата по повод крунисувањето на новиот британски крал, а дел од нив не го издржаа напорниот ден што беше пред нив.
Така, на социјалните мрежи се споделува видео од еден војник кој колабира за време на настанот организиран во Кардиф, Англија, а двајца војници го влечат и го тргаат од местото.
British soldier collapse during coronation pic.twitter.com/5TPgu4w735
— Miriam .17 (@Miriam31932023) May 6, 2023
Светските медиуми пренесоа и за инцидентот кога еден од коњите што беа вклучени во парадата се исплаши и почна да трча наназад кон бариерите наменети за гледачите, при што беше повреден еден полицаец.
Исплашените гледачи веднаш почнаа да се повлекуваат, но за среќа војникот успеа да го смири животното и повторно да го врати во вистинската насока.
After the coronation the horse engages reverse gear and hits the barrier #BREAKING#Coronation pic.twitter.com/aJLJIofafz
— .aspendos (@aspendos_1789) May 6, 2023