Кралот Чарлс стана хит по видеата на кои е бесен и нервозен: „Кралицата никогаш вака не загуби трпение во јавност“
- Детали
- среда, 14 септември 2022
„Не можам да го поднесам ова проклето нешто“ – се пожали кралот Чарлс бесен за пенкалата што му ги даваат за да се потпише, откако претходно нервозно бараше да му ја расчистат масата. Твитерџиите коментираат дека на кралицата никогаш не ѝ се случило така да го загуби трпението.
Кралот Чарлс Трети не може да ја скрие фрустрацијата за време на јавните настапи во Северна Ирска во изминатите денови.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеата на кои се гледа како тој „се истура“ врз присутните и јавно го покажува својот гнев.
Тој се потпишуваше во книгата за посетители во замокот Хилсборо, во близина на Белфаст.
Камерите успеаја да го уловат моментот кога тој прво го погреши датумот, а потоа беше видно изнервиран заради расипаното пенкало, кое му се растече на раката.
„Боже, го мразам ова (пенкало)“ - рече Чарлс и стана и ѝ го даде пенкалото на неговата сопруга Камила.
„Гледај, тече насекаде“ – реле Камила додека тој ги бришеше прстите.
„Не можам да го поднесам ова проклето нешто. Секојпат ми го прават ова“ – рече тој додека излегуваше и ја остави Камила сама да се потпише.
Погледнете го видеото:
How is this real? How is this public?! pic.twitter.com/dZlsNOVREI
— Nooruddean (@BeardedGenius) September 13, 2022
Освен ова, на Твитер масовно се споделува уште едно видео од новиот британски крал кој им вели на неговите вработени да ја расчистат масата пред да седне и да не очекуваат дека тој ќе ги поместува предметите.
„Каде е момчето со пенкалото?! Кралот Чарлс делува луто и фрустрирано заради масата, па повика помошник да ги прераспореди предметите, двапати. Кралицата никогаш не го загуби трпението во јавност“ – стои во еден твит.
"The servant must clear my desk for me. I can't be expected to move things." pic.twitter.com/0pZqY2Xopq
— Laura K beyond parody (@NormalIslandNws) September 10, 2022
Б. С. Б. | Црнобело