Не зборува со Сури и не ја покани Никол Кидман на свадба – Синот на Том Круз живее повлечен живот во скиентолошката заедница
- Детали
- недела, 07 мај 2023
Конор Круз (28) беше едно од најпознатите деца во светот во 1995-та година, кога го посвоија Никол Кидман и Том Круз. Денес, тој ретко се појавува во јавноста, не зборува со својата славна мајка, се обиде да биде диџеј и актер, обожава да лови риби на отворено море, а сака да биде и Инстаграм инфлуенсер за правење скара, иако го следат само 5.000 луѓе... Кој е Конор, посвоениот син на Том и Никол?
Посвоените деца на Том и Никол, Изабела и Конор, и денес го привлекуваат вниманието на медиумите.
Додека актерите беа во брак, тие често ги водеа со себе Конор и неговата сестра Изабела, на настани, кога излегуваа или на прошетка. Откако се разведоа, децата остана со Том, во скиентолошката црква и прекинаа секаква комуникација со Никол.
Конор, но ни Изабела, денес скоро и да не објавуваат фотографии на социјалните мрежи, ретко се гледаат со својот татко, а мајка си, со која одамна прекинаа секаков контакт – Конор не ја покани на својата свадба.
Повеќето работи што ги знаеме за Конор се врз основа на неговите објави на социјалните мрежи и ретките коментари од неговите пријатели за таблоидите.
Конор живее повлечено, не дава изјави, бега од папараците, а се крие и кога ќе излезе со својот татко.
Што знаеме за Конор Круз, единствениот син на популарниот актер, кој успеа да остане мистерија за јавноста и покрај славата на својот татко?
Роден е 1995 година и брзо по негово раѓање беше посвоен од Том и Никол.
Конор ја прифати скиентологијата, исто како и неговиот татко и сестра му Изабела.
По разводот на своите родители, тој го прекина секој контакт со мајка си.
Сепак, во 2016 година, тие наводно почнале да се слушаат, но не повеќе од еднаш годишно, бидејќи тој и понатаму одбива секаква поврзаност со неа.
Во една изјава, тој рече дека ја сака својата мајка, без оглед што пишуваат медиумите, но не кажа дали комуницира со неа или не.
Конор не комуницира ни со својата полусестра Сури Круз, единственото биолошко дете на Том, коешто го доби во бракот со актерката Кејти Холмс.
Наводно, Конор и Сури последен пат се виделе во 2012-та година, кога Том со Конор и Изабела си заминал од семејниот дом во кој живееше со Кејти и Сури.