Ретко појавување на посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман – се крие од јавноста, не зборува со мајка ѝ поради скиентологијата
- Детали
- петок, 13 мај 2022
Посвоената ќерка на Том Круз и Никол Кидман има 29 години и се држи подалеку од јавноста. Познато е дека е скиентолог, но и дека токму поради ова не е во најдобар однос со мајка ѝ Никол која не беше ни на нејзината свадба.
Никол Кидман и Том Круз беа во брак од 1990 до 2001 година, а во 11-те години заедно посвоија и две деца – Бела и Конор.
27-годишниот син Конор почесто се појавува во јавност, но вистинска реткост е да се види 29-годишната Бела.
По многу време, Бела беше забележана во Лондон во лежерно издание. Таа носеше црни фармерки и тексас палто, како и маичка со која покажува поддршка за филмот на нејзиниот татко.
Имено, маичката е со принт од неговиот филм Top Gun од 1986-та, за кој неодамна премиерно беше прикажано и новото продолжение.
За разлика од нејзините родители кои се ултра популарни и се постојано во центарот на вниманието, Бела се држи што е можно понастрана од јавноста.
Таа никогаш не оди на настани со нејзините познати родители, а речиси секој детаљ од приватниот живот го чува во тајност.
Сепак, за неа се познати некои интересни факти, а има и шпекулации дека повеќе воопшто не зборува со мајка ѝ Никол Кидман.
Неколку забавни факти за 29-годишната Бела:
Том Круз и Никол Кидман сакале да имаат биолошки деца, но актерката доживеала вонматерична бременост. Поради трауматичното искуство, решиле да посвојат две деца – Бела и Конор. Кратко пред актерите да се разделат, Никол Кидман имала уште еден спонтан абортус.
Бела е во брак со Макс Паркер, за кого јавноста не знае речиси ништо. Тие се венчаа во 2015 година, а заедно живеат во Лондон.
Исто како татко ѝ, Изабела Круз е посветен скиентолог. А, бидејќи Никол Кидман не е скиентолог и самата црква остро ги критикува оние кои не ја следат, постојат шпекулации дека таа има заладен однос со Бела и дека не ни разговараат. Всушност, Никол не присуствувала ни на венчавката на Бела.
Ниту Том Круз не бил присутен на венчавката на Бела, но наводно актерот многу сакал да отиде, само не сакал да привлекува непотребно внимание на посебниот ден на ќерка му.
Кратко по разводот на нејзините родители, во јавноста се јавија шпекулации дека Бела била заборавена и од двајцата родители. Сепак, поради скиентологијата, таа го поправила односот со татко ѝ Том. Од друга страна, од потполно истата причина, односот со мајка ѝ не е најдобар.
Бела има неколку полубраќа и полусестри – Сури Круз (ќерката на Том и Кејти Холмс), како и Сандеј Роуз и Фејт Маргарет (децата на Никол Кидман и Кит Урбан). Не е познато дали таа е блиска со полубраќата и полусестрите, но најверојатно сега нема никаков контакт со Сури поради скиентологијата - ни самиот Том Круз ја нема видено Сури со години.
Иако има многу богат татко, Бела не ги сака неговите пари. Наводно, во 2020 година тој сакал да ѝ подари огромна куќа или барем да ѝ плаќа кирија за поскап дом, но таа одбила бидејќи сакала мирен и едноставен живот со нејзиниот сопруг.
Денес Бела работи како артист и продава маички, маски за телефони, торби за пазарење и слични продукти со принтови од нејзините дела. Најчесто нејзините дела ги споделува на Инстаграм каде што има речиси 40.000 следбеници.
Спирова С. | Црнобело