Не зборува со Сури и не ја покани Никол Кидман на свадба – Синот на Том Круз живее повлечен живот во скиентолошката заедница

Пред неколку години Конор пушташе музика во клубовите низ САД и работеше како диџеј, под името DJ C-Squared.

Тој проба да стане и актер, но се откажа од идејата, бидејќи, наводно, немал талент за глума. Се појави во два филма „Seven Pounds“ (2008) и во римејкот на „Red Dawn“ (2012).

ne-zboruva-so-suri-ne-ja-pokani-nikol-kidman-na-svadba-kako-konor-kruz-uspea-da-zhivee-povlecheno-iako-e-sin-na-tom-kruz-06.jpg

Од 2019 година тој е во брак со Италијанката, Силвија Занки, која ја запознал во скиентолошката црква. Тие се венчаа тајно, а Конор не ја покани Никол на свадбата.

„Конор и Силвија живеат едноставен и мирен живот во Клиарвотер. Имаат свој дом во скиентолошката заедница и среќни се“ - рекол негов пријател за магазинот People пред неколку години.

ne-zboruva-so-suri-ne-ja-pokani-nikol-kidman-na-svadba-kako-konor-kruz-uspea-da-zhivee-povlecheno-iako-e-sin-na-tom-kruz-03_copy.jpg

Конор обожава да лови риби, а специјалност му е риболов во длабоко море, па најчесто оди во риболов на сабјарки и туни.

Во 2021 година отвори профил на Инстаграм со совети за правење скара и тогаш објави дека сака да стане инфлуенсер кој ќе споделува рецепти за на скара. Неговиот профил го следат 5.300 луѓе.

Во февруари 2023 Конор се појави на ревијата на Diesel во Милано – ова беше едно од неговите ретки појавувања во јавноста.

ne-zboruva-so-suri-ne-ja-pokani-nikol-kidman-na-svadba-kako-konor-kruz-uspea-da-zhivee-povlecheno-iako-e-sin-na-tom-kruz-12.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg