Девојка (30) затруднела при авантура за една ноќ на Тенерифе - го бара таткото (19) преку ТикТок
- Детали
- вторник, 18 април 2023
„Го знае ли некој ова момче од Глазгов, кое го сретнав на Тенерифе на 5-6 август? Сакам да му кажам дека ќе стане татко наредниот месец“, вели Сара Џејн Сноу (30) од Шкотска во видеото кое вирално се споделува.
Сара Џејн Сноу (30) од Шкотска (од местото East Lothian) имала авантура за една ноќ со 19-годишен дечко од Шкотска за време на нејзиниот одмор на Тенерифе минатиот август.
Но, од авантурата за една ноќ таа останала бремена и сега преку ТикТок го бара таткото на нејзиното дете, со помош на единствената заедничка фотографија која ја има со него. Таа вели дека не се сеќава ниту на неговото име, туку знае само дека е од Глазгов.
Вели дека сака да го пронајде за да му каже дека ќе стане татко наредниот месец.
Во описот на видеото на ТикТок, кое веќе има милионски прегледи, Сара напишала:
„Го знае ли некој ова момче од Глазгов, кое го сретнав на Тенерифе на 5-6 август? Тој работи во трговскиот центар Braehead Shopping Centre (или работел, не сум сигурна)“.
Во видеото Сара прикажува и ехо-снимки од бебето, како и од локалот на Тенерифе, каде се сретнале.
„Можам да се грижам сама за синот, но не сакам тој да има чувство дека пропушта нешто затоа што не знае кој му е татко. Само сакам неговиот татко и неговото семејство да бидат вклучени во растењето, колку што можат“.
Сара на одморот на Тенерифе била со нејзината сестра.
Погледнете го видеото:
@ ♬ -
С. С. | Црнобело