Бабичка го прослави 100-иот роденден во Дизниленд, откако во 1955-та била на отворањето на забавниот парк (видео)
- Детали
- четврток, 06 април 2023
Ди Колафа од Сакраменто, САД, наполни 100 години, а роденденот го прослави во Дизниленд. Таа сакала да го одбележи јубилејот на местото што ја потсетува на детството, бидејќи со своите родители присуствувала на отворањето на познатиот забавен парк во далечната 1955 година.
Ди роденденот го славеше со своите деца и внуци, а прославата ѝ ја организираше Дизниленд, откако нејзиниот внук испратил порака до компанијата.
Тој ја раскажал приказната за својата баба, па тие се понудиле да ѝ го организираат роденденот.
„Знаев дека баба ми ќе биде среќна ако го прослави големиот јубилеј таму“, вели внукот на Ди.
Одговорните за организирање забави во Дизниленд за Ди направиле персонализирани Мини Маус уши, роденденска торта, ѝ дале порадоци и ѝ организирале забава што ќе ја паметат сите.
„Се потсетив на детството, младоста, времето кога дојдов тука првпат, и на сите останати пати кога бев тука со моите. Но, сега навистина гледам колку е прекрасен живот“ – вели Ди за „ABC News“.
Ди открива дека била една од 6.000 среќници што успеале да набават влезници за отворањето на Дизниленд на 17 јули 1955 година.
Според неа, дента пред вратите на забавниот парк се појавиле околу 28.000 луѓе, а дел од нив имале и фалсификувани билети.
„Ова беше можеби мојот најубав роденден“, додава таа.
А. Ј. | Црнобело