„Судено ни беше“ - Биле во врска како тинејџери, па се смириле по 32 години, преку Фејсбук
- Детали
- вторник, 28 март 2023
„Искрено се чувствуваме како никогаш да не сме се разделиле...“, велат Даун и Ли. Даун на 15 години му раскинала на Ли, тогаш 17, затоа што сите другарки ѝ биле сингл.
Даун Греј и Ли Ричардс од Велика Британија се запознале во 1991 година, кога Ли имал 17 години, а Даун имала 15.
На Ли му се допаднала Даун, па ѝ побарал број. Потоа ја поканил на состанок и се гледале цело лето.
Даун потоа му раскинала, иако го сакала. Причината била што сите нејзини пријателки биле сингл.
Потоа, двајцата имале долгогодишни врски и добиле деца со други луѓе.
Но, сега 49-годишниот Ли ја контактирал Даун по 32 години од нивната разделба.
Во текот на неколку седмици се допишувале секојдневно по неколку часа и потоа договориле средба во живо, а за останатото велат дека е историја.
Сега, тие се пар и се вљубени еден во друг како кога биле тинејџери.
Даун, која работи како учителка, вели:
„Судено ни беше. Продолживме со љубовта, како времето да не поминало. Кога се сретнавме повторно и се смеевме до солзи, чувствувавме како да сме млади повторно. Среќни сме што сме заедно.“
Даун вели дека и во текот на години често помислувала на Ли, со кој на 15-годишна возраст ѝ се случила љубов на прв поглед.
„Искрено се чувствуваме како никогаш да не сме се разделиле.“
С. С. | Црнобело