„Косата ми побеле на 9 години, па ме викаа баба - сега имам 25 и ги сакам моите сребрени прамени“

„Не ја прифаќав отсекогаш седата коса и не се чувствував самоуверена. Сега тоа е мојата карактерна особина што ме одредува. Луѓето секогаш мислат дека сивата боја е лажна“, вели Зои Миола која почнала да оседува на 9 години, а до својата 12-та година била 10% сива. Од дете чувствувала несигурност и срам, особено кога ја нарекувале „баба“.

kosata-mi-pobele-na-9-godini-pa-me-vikaa-baba-sega-imam-25-i-gi-sakam-moite-srebreni-prameni-01.jpg

Зои Миола (25) скоро цел живот има седа коса. Прамените почнале да ѝ побелуваат кога имала само 9 години. Врсниците биле сурови, постојано ја задевале и ја викале „баба“.

Но, со помош на најблиските, таа успеала да ја надмине траумата и сега е горда на својата сребрена коса.

Уште на 12 години почнала да ја бојадисува косата, но решила да престане шест години подоцна, кога заминала на колеџ за уметност, пренесува „Daily Star“.

kosata-mi-pobele-na-9-godini-pa-me-vikaa-baba-sega-imam-25-i-gi-sakam-moite-srebreni-prameni-03.jpg

До 21-та година, нејзината седа коса ѝ пораснала до раменици, па ја скратила преостанатата темна коса долу и останала 100% седа.

Зои сега го сака нејзиниот уникатен изглед и се шегува со момчето Мет Грифин (32), дека се „оган и мраз“ бидејќи тој има огнено-црвена коса.

„Не секогаш ја прифаќав седата коса и не се чувствував самоуверена. Сега тоа е мојата карактерна особина што ме одредува. Луѓето секогаш мислат дека сивата боја е лажна, а јас секогаш им возвраќам: ’Дали навистина мислиш дека толку многу го средувам коренот?‘“

kosata-mi-pobele-na-9-godini-pa-me-vikaa-baba-sega-imam-25-i-gi-sakam-moite-srebreni-prameni-04.jpg

Зои се сеќава дека нејзиниот татко Ралф прв ја забележал нејзината седа коса.

„Татко ми ми најде седо влакно и остана подзинат. Рече: ’Што се случува по ѓаволите?‘“, вели таа.

Но, белата коса ѝ е наследна, бидејќи и нејзиниот татко го пронашол своето прво седо влакно на 12-годишна возраст, а нејзината баба Ени имала 14 години кога видела бел прамен.

„Татко ми секогаш ме потсетуваше колку е убава нашата седа коса. Откако станав доволно возрасна, почнав да се гордеам со моите бели прамени“, вели Зои.

kosata-mi-pobele-na-9-godini-pa-me-vikaa-baba-sega-imam-25-i-gi-sakam-moite-srebreni-prameni-02.jpg

Сега 90% од косата ѝ е сива, а таа целосно го прифаќа својот нов изглед.

„Луѓето не се навикнати на млад човек со толку сиво. Неколку од моите пријатели сега имаат само неколку побелени влакна, но поради мене не се плашат,“ додава таа.

kosata-mi-pobele-na-9-godini-pa-me-vikaa-baba-sega-imam-25-i-gi-sakam-moite-srebreni-prameni-05.jpg

Зои додава и дека косата е нејзината најдобра карактеристика и се грижи да ја одржува здрава со крем за коса, масла и фризерски третмани.

„Не ја мијам косата повеќе од еднаш неделно. Внимателна сум и не штедам на производи. Таа е мојата најдобра карактеристика, па се погрижам секогаш да е во врвна форма. Се надевам дека ќе му покажам на светот дека можете да ја прифатите природната убавина. Седата коса не е страшна работа. Покажува мудрост“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg