Тој е бура од емоции на теренот: Столе Димитриевски – голманот на македонската репрезентација (фото)
- Детали
- вторник, 27 септември 2022
Дел од женската популација го прогласува за свој миленик од нашата репрезентација. Со страст на теренот, очи сини како небо и непоколеблива волја за победа, Столе Димитриевски (28) – голманот на македонската фудбалска репрезентација.
Секогаш кога е на теренот тој се дава со целото срце, страстен и со фацијална експресија која говори за бурата од емоции додека игра фудбал, но и додека се бори да нè направи горди како дел од македонската репрезентација и иако вчера во натпреварот со Бугарија не успеа во тоа и изгубивме од противникот на наш терен, тој е наша гордост, како и сите момци од македонската репрезентација.
Столе Димитриевски е роден на 25 декември 1993 година во Куманово. Тој е голман на шпанскиот клуб Рајо Ваљекано и на македонската репрезентација.
Откако ја започнал кариерата во Работнички во 2010 година, тој го поминал најголемиот дел од својата кариера во Шпанија.
Димитриевски има многу настапи за македонската репрезентација, а за неа дебитираше во 2015 година.
Во 2021 година ја претставуваше Македонија на Европското првенство 2020.
Негова најголема поддршка му е сестрата Анастасија.
https://www.instagram.com/p/CShg39BIloO/
Повеќе фотографии од него:
https://www.instagram.com/p/CiVfKqwoD2Q/
https://www.instagram.com/p/Ci0GJGCoRGI/
https://www.instagram.com/p/Cc_BOa0oI2e/
https://www.instagram.com/p/CbnnivcuGid/
https://www.instagram.com/p/CbGFLHxr76B/
https://www.instagram.com/p/CYKg8YPIu55/