Магично осветлување и спектакуларен огномет на отворањето на Олимписките игри во Токио (видео)
- Детали
- петок, 23 јули 2021
Попладнево во Токио една година подоцна започна церемонијата на свеченото отворање на 32-ите летни олимписки игри во Токио.
Со волшебен огномет започна спектакуларната церемонија на свеченото отворање на игрите. Она што ја прави годинешната церемонија поинаква од сите претходни е тоа што се одвива без присуство на публика.
На настанот присуствуваа само 950 важни личности и светски лидери во огромна арена со капацитет од 68.000 седишта.
Tokyo 1964 ➡️ #Tokyo2020
— The Olympic Games (@Olympics) July 23, 2021
The wood used to make the Olympic Rings comes from trees grown from seeds brought by international athletes the last time Tokyo hosted the Olympic Games. 😍🌳#StrongerTogether #OpeningCeremony pic.twitter.com/DFeMAmF28Y
Инаку, дел од организаторите даваа предлози звукот на публиката да биде емитуван преку озвучување, но таквата идеја беше отфрлена.
https://twitter.com/Olympics/status/1418509550148374528/photo/1
Македонија на игрите во Токио е преставена од осум спортисти во седум спортови. По повод учеството на македоснките спортисти на Олимписките игри се огласи и претсетдателот Стево Пендаровски. Тој на неговиот Инстаграм профил напиша:
„Многу среќа и успех на осумте наши спортисти кои ќе ја претставуваат Северна Македонија на 32-те Летни олимписки игри 2020. Нашето знаме се развиори на свеченото отворање на Националниот стадион во Токио.“
Пред отворањето надвор од арената се собраа поголем број обожаватели, но секако влезот не им беше дозволен.
Следете го спектакуларното отворање во живо:
Б. С. Б. | Црнобело