„Сега е наше време“ – ФФМ со моќно видео ги бодри фудбалерите пред историскиот натпревар со Грузија
- Детали
- вторник, 10 ноември 2020
Момците од македонската фудбалска репрезентација се за првпат на чекор од Европско првенство, а моќното видео кое го објави ФФМ ги растреперува срцата на навивачите кои со душа го чекаат овој момент кој ќе испише историја.
Во четврток, фудбалерите од македонската репрезентација ќе се соочат на теренот со репрезентацијата на Грузија на натпревар кој е најважниот во историјата за нас.
Ако момците успеат да „извојуваат“ победа на теренот во Тбилиси, тие ќе испишат историја обезбедувајќи си пласман на Европското првенство.
Фудбалската федерација на Македонија по тој повод објави моќно видео со кое ги бодри фудбалерите и ја загрева крвта на навивачите кои со нетрпение го чекаат овој момент за првпат во фудбалската историја на нашата земја.
Во описот на видеото стои:
“Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци”
Веруваме дека зборуваме и во ваше име кога со цело срце и почит ги изговараме овие зборови: “Цел живот, Македонија! Ви благодариме, момци”
#ВремеЕЗаЕвропско #НапредМакедонија #СегаЕНашеВреме #EURO2020
М. М. | Црнобело