„Тенисот ми го покажа светот, а сега се збогувам“ – Марија Шарапова се откажа од тениската кариера

По долги борби со повредите, светската тенисерка, 32-годишната Марија Шарапова го најави нејзиното пензионирање од тенисот во емотивен есеј.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-01.jpg

По 5 Гренд Слем титули, стотици милиони заработка и неверојатна репутација стекната во 28-годишната тениска кариера, Мариа Шарапова реши да се збогува од спортот.

„Како го оставаш зад себе единствениот живот за кој некогаш си знаел? Како си заминуваш од терените на кои си тренирала од малечко девојче, од играта која ја сакаш – онаа која ти донела неискажани солзи и неописливи радости – спортот каде пронаоѓаш семејство, заедно со фановите кои те поддржувале повеќе од 28 години? Тенису, се збогувам.“ – вака го започнува есејот тенисерката.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-04.jpg

Во Vanity Fair денес беше објавен нејзиниот есеј, во кој таа го соопшти нејзиното пензионирање и збогување од спортот кој ѝ го промени животот.

Во него таа зборува за детството, за првите тениски терени на кои играла, за нејзината упорност и моментите кога нејзиниот карактер бил ставен на тест, како и за подемите, освоените титули, но и што се случувало зад она што го гледаме ние.

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-03.jpg

„Давајќи го животот за тенисот, тенисот ми даде мене живот. Ќе ми недостасува секој ден. Ќе ми недостасува тренингот и дневната рутина. Мојот тим, моите тренери. Ќе ми недостасуваат ракувањата – за победа или загуба.“

tenisot-mi-go-pokazha-svetot-a-sega-se-zboguvam-marija-sharapova-se-otkazha-od-teniskata-kariera-02.jpg

„По 28 години и 5 Гренд Слем титули, подготвена сум да се искачам на друга планина – да се натпреварувам на поразличен тип терен. А, немилосрдното трагање по победи? Нема да исчезне. Независно што има пред мене, секогаш ќе имам ист фокус, со иста работна етика и сите лекции кои ги научив.

Во меѓувреме, ќе се фокусирам на поедноставни работи како што е спокојот со моето семејство. Неочекуваните викенд бегства. Вежбање по мој избор!

Тенисот ми го покажа светот – и ми покажа од што сум направена. Така се тестирав себеси и така ја мерев мојата големина. Па, што и да изберам за следното поглавје, мојата следна планина, ќе бидам упорна. Ќе се искачувам. Ќе растам.“ - завршува таа.

Прочитајте го целиот есеј тука.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „М...
„Извини, љубов моја“ – Емотивно писмо од италијанскиот олимпиец кој ја изгуби бурмата во река во Пар... „Видов како прстенот ми се лизна и летна во водата додека го кревав италијанскот...
Египќанка се натпреваруваше во 7-иот месец од бременоста во Париз: „Трипати олимпијка, но сега со бе... „Можеби ви делува дека се двајца натпреварувачи на подиумот, но всушност, бевме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg