Како изгледала историјата на женскиот фудбал?
- Детали
- сабота, 05 октомври 2019
Како и кај машкиот фудбал, така и почетоците на женскиот фудбал се одвивале во Кина, во 3-та година п.н.е. каде се играла игра слична на денешниот фудбал. Според пишувањето на еден кинески историски весник, фудбалот во почетокот бил игра помеѓу индивидуи, но во времето на династијата Танг (618.-907.) почнал да личи на денешниот фудбал.
„Златното доба“ на женскиот фудбалот било времето на династијата Минг, помеѓу 1368 и 1644, кога постоеле професионални женски играчи. Но во текот на историјата, женскиот фудбал едноставно исчезнал.
Во Европа првите почетоци на женскиот фудбал се забележани во Англија. Прв женски натпревар се случил во 1881 година во Единбург, помеѓу Шкотска и Велика Британија.
За жал, на самиот почеток, како и подоцна, женскиот фудбал не наиде на одобрување, а фудбалерките биле често изложувани на разни критики во англиските медиуми.
После овој натпревар бил организиран уште еден натпревар во Глазгов, на кој избиле нереди за време на натпреварот, па морала да интервенира и полиција. Поради овие чести откажувања на натпревари јавноста сметала дека женскиот фудбал нема да преживее.
Женскиот фудбал стигнал и до Лондон, во 1894 година бил основан првиот женски клуб „British Ladies‘ Football Club“. Основачот на клубот била Нети Ханибол, која, меѓу другото, била борец за женски права.
Прв официјален женски фудбалски натпревар во Лондон бил одигран на 23 март, 1895 година, помеѓу клубовите Север и Југ. После натпреварот екипите на Север и Југ го популаризираат женска фудбал, а до 1921 година во Англија се основаат околу 30 клубови, кои учествуваат во разни натпревари.
Фудбалскиот сојуз потоа донесува одлука дека женскиот фудбал им штети на угледот, па женските клубови губат право да ги користат фудбалските игралишта. Поради оваа забрана женскиот фудбал започнува да се игра на рагби игралишта.
Паралелно со развојот на фудбалот во Англија, канадските женски фудбалски тимови доаѓаат во Англија да играат натпревари. Во САД, женскиот фудбал започнува да се игра кон средината на 20-тиот век. Потоа се основаат женски фудбалски лиги во Италија и Франција.
После Втора светска војна женскиот фудбал започнува да се игра во Норвешка, Шведска и Германија. Норвешка, Шведска и Германија и денес се предводници во организацијата на женскиот фудбал во Европа и светот.
Ашера | Црнобело