Жени во фустани се тепаат во ринг - најчудниот спорт на светот (фото)
- Детали
- среда, 27 февруари 2019
Тие се несекојдневна глетка и се атракција за туристите...
Дали сте слушнале за „Fighting Cholitas of Bolivia“? Жени облечени во традиционални шарени фустани кои се борат во ринг.
Тоа е традиционален спорт во Боливија и е вистинска атракција за туристите. Овие жени потекнуваат од нацијата Ајмари од регионот на Андите.
Со текот на времето бројот на спортистки се намалува и сега е сведен само на многу малку, а најпознатата од нив е Реина Торез која има 29 години и веќе тренира нови девојки од по 16 години, за кои се надева дека ќе го одржат спортот жив.
„За да се борите потребно е многу дисциплина, храброст и сила, ние паѓаме и се повредуваме, но тоа не е важно затоа што на публиката ѝ е забавно“, вели таа.
Пред да започне мечот девојките се гледаат на огледало, нанесуваат шминка и парфем и потоа влегуваат во рингот танцувајќи на фолк музика.
Како изгледаат боливиските борачки:
С. С. | Црнобело