Red Bull Air Race премиерно во Виенер Нојштад на 15-16 септември
- Детали
- петок, 16 ноември 2018
Поминаа 15 години од првата трка на Red Bull Air Race во Зелтвег?? Австрија, но за само неколку дена светскиот шампионат се враќа на своите корени на нова локација која има длабоко значење за европската авијациска заедница: Виенер Нојштад. Со само три три до крајот, врвните тројца пилоти на табелата се со само шест поени разлика, септемвриската акција во Австрија може да биде точка на кулминација за идниот светски шампион.
Виенер Нојштад, Австрија - Лулката на европската авијациска историја - Виенер Нојштад - ќе биде разнишана од најсовремените тркачки авиони кои ќе летаат со 370 км/ч, со постигнување на 12Г забрзување, кога 14 најдобри пилоти ќе се вивнат на последната европска станица од светскиот шампионат Red Bull Air Race во сабота и недела, на 15 и 16 септември 2018.
Најстарата (од 1909 година) и најголема природна писта во Европа, Виенер Нојштад ја означува првата станица на летови над земја во сезоната, која ќе ги стави на тест пилотите со нова перспектива додека ќе пилотираат на тркачката патека со 25-метарски воздушни столбоби кои пукаат при допир со крило. Оваа трка исто така има и невообичаен стандинг ??? старт, кој им овозможува на гледачите да ги видат супермодерните авиони од полетувањето, но потребно е вистинско летачко мајсторство да се задржи оптимална брзина.
А брзината ќе биде најважна на шестата станица од календарот со осум трки, зашто елитните тркачки тимови ќе се борат за подиум во светскиот шампионат пред да биде предоцна. Во својата најдобра сезона, Американецот Мајкл Гулијан е на врвот од табелата со 55 поени. Веднаш зад него се двајцата пилоти кои беа втори во претходните сезони, Мартик Шонка од Чешката република и Мат Хол од Австралија, изедначени со 49 поени. Нив со сите сили ги бркаат претенденти како талентираниот дебитант од 2018 Мика Бражо (Франција) и актуелниот светски шампион Јошихиде Муроја (Јапонија).
Локацијата на Виенер Нојштад е лесно достапна за обожавателите на спортот од блиските земји да ја гледаат трката во живо, како, на пример, навивачите на пилотите од мастер класата Шонка, неговиот чешки колега Петр Копфстајн и Германецот Матијас Долдерер, како и фановите на тркачите од челинџер класата Даниел Геневеј?? (Унгарија), Флоријан Бергер (Германија) и Дарио Коста (Италија).
„Трката во Австрија ќе биде посебна затоа што е најблиска трка во сезоната до Чешката република,“ вели Шонка, кој сака да изведе хет-трик со трета последователна победа на трка, по триумфите во Унгарија и Русија. „Ќе има многу фанови од нашата земја, па ќе биде убаво ако ги наградиме зза нивната неверојатна поддршка.“
Обезбедете си место: Билетите за Red Bull Air Race во Виенер Нојштад на 15-16 септември, како и за двете последни станици во САД, се веќе во продажба. За повеќе информации за билети и за најновите вести, посетете ја нашата веб-страница www.redbullairrace.com.
КАЛЕНДАР 2018:
15-16 септември: Виенер Нојштад, Австрија
6-7 октомври: Индијанаполис, САД
17-18 ноември: Форт Ворт, САД