Да навиваме за Македонија, за трета победа по ред!
- Детали
- среда, 10 октомври 2018
Во деновите пред репрезентативниот фудбалски натпревар со Лихтенштајн, Верните навивачи на македонската репрезентација ќе можат да се пробаат во дриблинг вештини со Климент и Петар, а од Анастазија да купат билет за натпреварот Македонија - Лихтенштајн на посебен пулт поставен на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Исто така, со цел да оствари директен контакт со што поголем број љубители на фудбалот, да ја афирмира фудбаслата игра, и да мотивира што поголем број на деца и млади да ја почувствваат магијата на фудбалот, ФФМ постави промотивен корнер и во Skopje City Mall пред Плеј Кафе! Купи билет, шутирај, одмори се.
#Македонија - Лихтенштајн UEFA EURO 2020
#АјдеНаСтадион #СегаЕНашеВреме
Цената на влезниците изнесува 100 денари за јужната трибина и 150 денари за северната трибина од Националната арена „Филип Втори“.
Влeзници за натпреварот можете да купите преку продажната мрежа на MkTickets
На 13. октомври да ги поздравиме „јунаците“ од Крањ, а потоа да славиме победа во #NationsLeague против Лихтенштајн. #НапредМакедонија #СегаЕНашеВреме