Мисијата „Пат под нозе“ е комплетирана, Дарко Јовановски тестираше Формула 4!

Дарко Јовановски ја реализираше освоената награда во акцијата „Пат под нозе“ организирана од Ред Бул, со што стана првиот Македонец кој тестираше болид на Формула 4 на автодромот во Шпилберг, кој воедно е домаќин на трките од Формула 1 и Мото ГП.

misijata-pat-pod-noze-e-kompletirata-darko-jovanovski-testirashe-formula-4-01.jpg 

Талентираниот Јовановски покажа дека има потенцијал во картинг трките кои беа организирани во завршницата на натпреварувањето, а дополнително учествувал во слично натпреварување и во Бугарија, насловено Red Bull Kart Fight, каде што на крајот во финалето одржано во Варна го освоил второто место.

- Отидов без никакви очекувања, знаејќи дека за прв пат ќе возам на таа патека и дека има уште 11 добро подготвени наптреварувачи кои имаа доста повеќе искуство од мене на ваков тип натпреварувања. Меѓу учесниците имаше и  картинг возачи кои се наптерваруваат активно повеќе од 10 години. Истовремено се одржуваше и Balkan Drift SuperCup, па така на патеката имаше повеќе од 3000 присутни гледачи. Натпреварот се состоеше од квалификации и 3 трки. На возачите им беше измерена нивната тежина и бевме сите изедначени на 75 килограми, така што сите полесни возачи добиваа тегови, со цел натпреварот да биде по изедначен. За квалификациите се влечеше ждрепка за поделба на картинзите и со истиот се продолжуваше на првата трка, а на секоја наредна првиот од првата трка го зима картингот на последниот, вториот на предпоследниот итн. Интересно беше да се напомене дека сите трки беа со различен старт. Првата беше со т.н LeMans старт каде што картинзите беа поставени во линија и ние моравме со трчање да стигнеме до нив и да продолжиме со возење. Во таа трка го платив „данокот на неискуството“ и изгубив четири позиции на стартот. Втората беше старт од место, додека третата стартот беше во движење. За сето тоа да биде поинтересно беше воведено и правило за влегување во бокс на секоја трка, а тој беше направен така да треба да се забави, а патеката за движење беше трасирана со „конуси“ каде што секоја грешка при допирање на конусите носеше дополнителни казнени секунди во трката. Моите први кругови на патеката беа во квалификациите, во кои освоив второ време со 0,016 секунди зад првиот, па од тој момент знаев дека го напуштам планот да возам ревијално, а самиот настап доби сосема друго значење, бидејќи мотивацијата и адреналинот проработеа во вистински момент. На трките завршив како трети, петти и второпласиран, за на крајот да бидам и втор во генералниот пласман, со само еден поен зад победникот. Да не бев толку блиску, веројатно немаше да бидам толку разочаран, каде што исто така првата награда беше возење во Шпилберг, но со спортско возило „КТМ Х-bow“. Сепак, бидејќи знаев дека претходната награда и возењето со Формула 4 болид ме очекуваат наскоро, се посветив на запознавање со патеката преку видео игрите.

misijata-pat-pod-noze-e-kompletirata-darko-jovanovski-testirashe-formula-4-02.jpg

Резултатите од трките и натпреварувањата во минатото, комбинирани со последните резултати во картингот, создале голем притисок кај Дарко пред самото патување за Австрија.

- Повеќе пати се прашував себе колку навистина сум добар во ова, бидејќи сепак немам официјален репер, вакви трки на високо ниво не се организираат кај нас. Победите во СИМ-трките ми се драги, но повторно не ми кажуваат колку навистина сум добар во реалноста. Возењето со картинг е забавно, но за вистински резултати потребна е да се размислува за повисоко ниво, а такво нешто едноставно не постои кај нас, немаме вистинска патека, а со тоа ни респектабилна конкуренција. Цело време пред патувањето бев оптоварен со мислите дали ќе ми дозволат навистина да покажам што знам и умеам, или ќе ме ограничат? И секако, што ако навистина сум добар, или пак ако сум лош? Дали сум згрешил што не сум ги следел детските соништа или подобро што сум тргнал во друг правец како програмер...

Настанот во Шпилберг предвидувал и мало, но одбрано друштво околу македонскиот возач на Ред Бул Ринг, бидејќи таму се нашол заедно со победниците од Србија и Црна Гора.

- Искрено не знаев дека ќе има и други возачи, но од сегашен аспект, мислам дека е подобро што беше така. Целиот настан беше насловен како „Red Bull Driving Experience“, и нашата официјална програма започна со брифинг за возачите. Накусо, добивме комплетна едукација за знамињата со кои се сигнализираат одредени ситуации на патеката, потоа за самата конфигурација, при што беше елаборирано свиок по свиок, што се не очекува. Инструктор ни беше поранешен возач на Формула 1, Патрик Фризахер, со кој ги научивме командите на воланот. Добивме професионална опрема, комплет од глава до петици, заштитни комбинезони, ракавици, кацига и патики!Иако бев опчинет од величенственоста и убавината на моментот што го очекував, уште со првото излегување на патеката сфатив дека сето ова не е воопшто едноставно како сите претходни искуства. Беше потребна екстремна прецизност за работа со педалите, особено со квачилото при поаѓање, а потоа и искуството со гравитациските сили кои прават се да е толку тешко. Имавме неколку круга возење еден зад друг со возило за безбедност пред нас, а потоа продолживме сами. Најголемо изненадување ми беше постигнувањето на брзината од преку 200 километри на час со невидена леснотија, но исто така и колку всушност ми недостига добра физичка подготвеност за да се справам со гравитициските сили низ свиоците. Чувството е уникатно и неспоредливо, почнувајќи од громогласниот мотор зад тебе, до воланот и кацигата кои „отежнуваат“ под влијание на гравитациските сили и почнуваат да ти задаваат мака. На крајот од денот, сите бевме свесни колку всушност километри ни недостигаат како подготовка за да можеме да притиснме малку повеќе и да се надеваме на респектабилни времиња за еден круг. Мој личен завет е дека во блиска иднина ќе се вратам на Шпилберг повторно за да се обидам да го унапредам мојот резултат и возачко искуство, но во меѓувреме немам други зборови освен благодарноста до организаторите од Ред Бул Македонија за неописивите моменти на задоволство кои ги искусив во оваа можност.

Бидејќи овој настан е промотивен, организаторите не ги објавиле времињата по кругови од учесниците на тестирањето. Сепак, секој од нив добил за спомен видео од он-борд камерата на болидот.

misijata-pat-pod-noze-e-kompletirata-darko-jovanovski-testirashe-formula-4-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Нејмар купи дрес од уличен продавач, мажот скока од среќа среде раскрсница (видео) Бразилецот Нејмар, кој е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, н...
Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg