Каде отиде „класата“ од Ел Класико?

Постарите фудбалски навивачи (читај луѓе кои гледале фудбал пред појавата на Меси и Кристијано), со голема носталгија ќе се присетат на вистинските фудбалски надигрувања помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Каде-отиде-„класата“-од-Ел-Класико1.jpg

Овие два великана пружаа прекрасни натпревари на кои фудбалот и фудбалските мајстории беа во прв план, а валканата игра во последен.

За жал, денес со појавата на ривалството помеѓу двајцата, во моментов најдобри фудбалери во светот, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, и зголемената тензија помеѓу самите градови Мадрид и Барселона, вечното дерби се претвори во најлошиот фудбалски спектакл во светот.

Двата тима гледаат да победат по секоја цена, најчесто користејќи се со највалканите методи, и најодвратните „финти“. Наместо фудбалско надитрување и мајстории, денес гледаме глума, тепање и погрдни зборови. Наместо да се восхитуваме на две легенди кои даваат сѐ од себе, и кои се дискутабилно едни од најдобрите во историјата на фудбалот, ние се расправаме кој добил повеќе пенали, и кој за што добил црвен картон.

Последното убаво за очи Ел Класико ако добро се сеќавам, беше во далечната 2005. Сите се сеќаваат на стоечката овација која ја доби велемајсторот Роналдињо на Сантијаго Бернабеу. За домаќините тогаш настапија: Касиљас, Роберто Карлос, Елгера, Рамос, Салгадо, Гарсија, Бекам, Зидан, Раул, Роналдо и Робињо.

Кај гостите боите на Каталонците ги бранеа: Валдес, Ван Бронкхорст, Маркез, Пујол, Олегер, Едмилсон, Чави, Деко, Меси, Роналдињо и Ето. Натпреварот заврши 0:3 за Барса, и немаше љутиш. Победата беше заслужена, сите во публиката ја поздравија мајсторијата на Роналдињо. Немаше плукање по судиите, немаше глумење, немаше црвени картони и тепачки.

Оттогаш па наваму, не се случило да помине натпревар помеѓу овие две екипи без контроверзија, без плачење од тимовите и навивачите, и без лутење. „Уефалона“и „Уефадрид“ се имињата на двата тима, „Пеналдо“и „Пенси“се клучните играчи. Навивачите се плукаат и колнат. Судиите се главните ликови на секое дерби. Победникот се одлучува по добрата глума.

За жал, сите ние сме виновни за овој срам. Навивачите мора да почнат да гледаат фудбал, а не да додаваат масло во огнот. Играчите мора да научат да се почитуваат, и да се придржуваат до она „фер-плеј“ кое го проповедаат во рекламите на УЕФА. Судиите мора да разберат дека не треба тие да се во центарот на вниманието. Сѐ додека ова не се промени, никогаш нема да видиме добро Ел Класико.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирална фотка од 2007-ма: Меси го држи во раце Ламин Јамал, најмладиот фудбалер кој постигнал гол на... Кога Џоан Монфорт пред 17 години го фотографирал Лео Меси со бебе во рацете, не ...
Како ќе изгледа Мбапе до крајот на Европско? – Фудбалерот се шегува на своја сметка, откако се повре... „Имате идеја за маски?“ – се пошегува Килијан Мбапе откако имаше повреда на носо...
Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Се откажа од фудбалот поради неиздржливи болки, дома беше претепан и ограбен: Животот на Роберто Баџ... Од моментот кога престана да биде професионален фудбалер, Роберто Баџо веќе не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg