Надал прекина меч за мајка да го најде загубеното дете (видео)
- Детали
- четврток, 29 септември 2016
Паника, солзи, ама и среќен крај... За време на пријателскиот дубл натпревар во Мајорка во кој играа Рафаел Надал и Симон Солбас, против легендарните тенисери Карлос Моја и Џон Макенро, се случи несекојдневен настан.
Една мајка на трибините го изгубила своето дете, а Надал кога забележа што се случува го запре натпреварот и почека додека мајката не го најде своето дете меѓу 7.000-те навивачи.
„Клара! Клара!“ - извикува мајката од трибините, еден од најдобрите тенисери реши да го прекине дуелот додека малото девојче не се пронајде.
Целиот стадион се вклучи во потрагата, па истата и заврши многу брзо.
Потоа следеше силна прегратка и солзи радосници, но и аплауз како поддршка од публиката.
Спортот е важен, ама некои работи се поважни и поголеми, а тоа Надал го знае многу добро.
На крајот, тој победи, но целиот натпревар ќе остане во сенка на овој настан:
Н. Г. | Црнобело