Четвртиот олимписки медал кој ретко кој го добива, а вреди повеќе од златото
- Детали
- петок, 19 август 2016
Верувале или не, постои нешто многу подобро од тоа да освоите златен медал на Олимпијадата, а тоа е да освоите посебен, четврти тип на олимписки медал кој ретко кој го добива.
Да, освојувањето на олимписки медал не е мала работа. Дури и да освоите 23-ти медал во Рио, како што е случајот со Мајкл Фелпс, сè уште барем една солза радосница ќе капне на вашето лице.
Но, најголемо достигнување е да го добиете реткиот олимписки медал кој е именуван по основачот на модерната Олимпијада, Пјер де Кубертен.
Станува збор за награда која ја добиваат оние ретки спортисти кои имаат исклучителни достигнувања на Олимипските игри и покажуваат неверојатно силен спортски дух.
Интернационалниот Олимписки Комитет има доделено само дузина од овие медали кои се сметаат за најпрестижната награда која можете да ја добиете на Олимпијадата.
Меѓу тие луѓе кои ја освоиле оваа награда е и Вандерлеј де Лима, бразилскиот маратонец кој го изгуби водството во 2004-та во Атина, но кога верен гледач го инспирираше да продолжи понатаму, тој заврши како трет.
„Бронзен е, ама за мене е златен“ - изјави тогаш Лима.
Уште еден човек кој има освоено ваква награда е Луз Лонг, германскиот олимписки натпреварувач во долг скок, кој кажувајќи му на Џеси Овенс( неговиот конкурент) каде да ја стави ногата за долг скок, му освои злато.
Лонг наградата ја доби постхумно, во 1964-та година.
Н. Г. | Црнобело