Австралијанецот Мат Хол извојува важна победа во Аскот
- Детали
- вторник, 16 август 2016
Австралијанецот Мат Хол за влакно му побегна на Германецот Матијас Долдерер кој е лидер во севкупниот поредок и победи на трката од светското првенство Red Bull Air Race во Аскот, Велика Британија, со што докажа дека борбата за титулата е далеку од завршена на иако до крајот на сезоната има уште три трки. Трет заврши Ханс Арх од Австрија, со што потврди дека и понатаму останува во игра.
Аскот (ВЕЛИКА БРИТАНИЈА) – На возбудувањата им немаше крај кога со трката во Аскот стартуваше втората половина од шампионатот Red Bull Air Race, при што паѓаа и воздушни столбови и рекорди во очајничкиот порив да се запре налетот на лидерот во генералниот пласман, Германецот Матијас Долдерер. Меѓу четворицата финалисти, Мат Хол беше тој што ја освои победата со време од 1:03,426, додека Долдерер беше втор со време од 1:04,887. Ханс Арх од Австрија го освои третото место.
Добро упатените британски обожаватели на трките беа на нозе покрај легендарната патека за коњски трки уште од првата рунда со 14 пилоти, додека еден по друг пилотите ги поместуваа границите, а меѓу нив беше и Најџел Лемб, кому ова му е последна трка на домашен терен. Долдерер постави неверојатен нов рекорд на патеката од 1:03,266 во вториот круг, рундата со 8 пилоти, но леташе поконзервативно во финалната трета серија на последните четири пилоти. Во борбата на најдобрите Арх и Американецот Мајкл Гулијан не успеаја да финишираат со казни за незавршување на кругот заради мала повреда на правилата во потрага по совршенство. Во меѓувреме, Хол не покажа знаци дека му пречи повредата на грбот која му ги ограничуваше резултатите во претходните трки од сезоната, и имаше безгрешен настап, со кој излезе прв во важната финална рунда.
Благодарение на овој триумф, Хол – кој заврши втор во генералниот пласман минатата сезона – се уште се надева на титулата, при што во генералниот пласман скокна од седмо на трето место. Хол има 33,75 бода, додека Долдерер со второто место всушност го прошири своето водство во однос на второпласираниот Арх. Сега Долдерер како водечки има 53,25 поени, додека светскиот првак од 2008 година, Австриецот Арх има 35 поени. Следна е трката на 4 септември која е домашната за Долдерер во Лаузицринг крај Берлин, која ветува дека ќе биде шанса за секого.
- Се чувствувам брилијантно. Не бев сигурен како ќе ме примат, како Австралијанец победник на британски терен, но овациите од десетици илјади луѓе кои ме поздравија на нозе кога излегував од авионот – тоа се нешта кои се паметат цел живот.- изјави Хол. - Во тешка позиција сме. Можам да соберам доволно поени за да го победам Матијас, но зависи како ќе помине тој. Ако победам во следните три трки, можам да соберам уште 45 поени и ќе видиме што ќе се случи.
Американецот Кевин Колеман победи во трката од Класата на предизвикувачите (Challenger Class) и го презема водството, што е добра вест пред доаѓањето на овие трки во САД, меѓу кои и на легендарниот автодром Индијанаполис на 2 октомври.
Резултати Аскот (Мастер класа): 1. Мат Хол (Австралија), 2. Матијас Долдерер (Германија), 3. Ханс Арх (Австрија), 4. Мајкл Гулијан (САД), 5. Мартин Сонка (Чешка), 6. Најџел Лемб (Велика Британија), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Јошихиде Муроја (Јапонија)
Табела: 1. Матијас Долдерер (Германија) 53,25 поени, Ханс Арх (Австрија) 35 поени, 3. Мат Хол (Австралија) 33,75 поени. 4. Кирби Чемблис (САД) 27,25 поени, 5. Николас Иваноф (Франција) 26.00, 6. Јошихиде Муроја (Јапонија) 25,50 поени, 7. Најџел Лемб