21-годишен пливач го победи својот идол Мајкл Фелпс и го донесе првиот златен олимписки медал во Сингапур
- Детали
- понеделник, 15 август 2016
Некои случки од реалноста се почудни од фикцијата, а оваа спортска драма завршува со среќен епилог за 21-годишниот пливач Џозеф Скулинг од Сингапур.
Скулинг освои златен медал на 100 метри „пеперутка“ на Летните Олимписки игри во Рио, поставувајќи нов светски рекорд од 50.39 секунди, но гордоста беше уште поголема, бидејќи успеа да триумфира над неговиот идол од детството, Американецот Мајкл Фелпс.
Џозеф го запознал Фелпс во 2008-та година кога го сретнал во пливачки камп и го замолил да се фотографираат.
8 години подоцна, Скулинг го победува својот пливачки идол, додека Фелпс и покрај поразот со насмевка позира покрај Џозеф, кој го донесе првиот златен олимписки медал во историјата на својата матична земја.
(О)Милена | Црнобело