Зошто спортистите мораат да го загризат освоеното злато?
- Детали
- петок, 12 август 2016
Сигурно сте ги забележале сите оние среќни спортисти кои го освоиле златото на Олимписките игри како додека се фотографираат и позираат пред камерата, го загризуваат медалјонот кој го добиваат.
Спортист по спортист, без да утне некој, мора да го загризат златото кое штотуку го освоиле. Зошто? Да проверат дали навистина е злато?
Реалноста е дека за разлика од било кој друг метал, златото е помеко и со мало загризување може да се одреди дали е вистинско, бидејќи вашите заби можат да остават и отпечаток.
Но, дали е тоа причината поради која олимпијците ги загризуваат медалјоните?
Секако не, повеќе се сведува на тоа да ги задоволат потребите на фотографите кои од оваа навика заработуваат.
Оваа навика е посебно популарна меѓу пливачите.
Сега веќе сигурно жалите за забите на Мајкл Фелпс...
Н. Г. | Црнобело