Крај и за Серена Вилијамс на Олимпијадата
- Детали
- среда, 10 август 2016
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, беше елиминиран уште во првото коло на Олимписките игри од страна на дел Потро, а по него од Олимпијадата си замина и најдобриот женски тенисер, Серена Вилијамс.
Серена Вилијамс изгуби од украинската тенисерка Елина Свитолина во третото коло од Олимсписките игри и ја изгуби шансата уште еднаш, по летните Олимписки игри од 2012-та година, да го освои златниот медал.
Со финален скор од 6-4 и 6-3, поразот на Серена изненади многу нејзини фанови кои очекуваа дома да се врати со злато.
Ова посебно ги погови фановите, бидејќи таа заедно со нејзината сестра Венус Вилијамс го изгубија и дублот.
Н. Г. | Црнобело