RED BULL CLIFF DIVING 2016 - Како најдобриот скокач од карпите се справува со стравот од височината?

Чувствата на страв, спасение и задржување на моментумот ќе бидат движечките сили на Британецот Гери Хант кога ќе застане на 28 метри високата платформа за да ја брани титулата во новата сезона составена од девет настани.

red-bull-cliff-diving-2016-kako-najdobriot-skokac-od-karpite-se-spravuva-so-stravot-od-visocina-02.jpg

Природата во Тексас ќе обезбеди спектакуларна позадина за влез во новата ера, каде што секој настан од ова светско првенство ќе биде пренесуван во живо на телевизиските станици низ светот, како и на Red Bull TV. Илјадници гледачи ќе бидат присутни на платформите во Тексас, покрај таканаречената Порта на пеколот во езерото Посам, која драматично се издигнува над водата и од која што нуркачите ќе ги изведуваат своите најпредизвикувачки скокови. Истовремено, од ова место ќе започне одбраната на титулата и во женска конкуренција на Рејчел „Роко“ Симпсон, која што потекнува од Тексас и е двократен светски првак, наспроти Хант кој освои пет титули во последните шест сезони.

Совладувањето на стравот е дел од работата на сите скокачи од карпи кои постигнуваат брзина од 85 километри на час за само три секунди додека да ја допрат водата. За Хант таквата осетливост е уште поголема, бидејќи 31-годишниот шампион отворена признава дека во секојдневниот живот има страв од височините.

 - Нашиот спорт е вистински тест на нервите. Мора да бидеш ментално силен инаку воопшто нема да стигнеш до крајот на платформата. Знаеш дека мора да си 100% фокусиран на својот скок, бидејќи во спротивно можеш да завршиш во болница. Моментите пред изведување на скокот се дефинитивно најстрашните и секој почнува да се сомнева додека е на тоа место. Уште ако се испробува и некој нов скок, нова фигура, тогаш сомнежите се уште поголеми. Немаш референтни точки, не знаеш како ќе се почувствува, мора да се потпреш на својот тренинг и да го направиш скокот со верба. Се разбира, јас сум уплашен од височините кога нема вода наоколу. Јас ја ценам височината од аспект колку пати можам да направам салто во еден скок. Затоа, кога нема вода, се плашам како животот да ми зависи од тоа,- вели Хант.

red-bull-cliff-diving-2016-kako-najdobriot-skokac-od-karpite-se-spravuva-so-stravot-od-visocina-01.jpg

Без оглед на анксиозноста на платформата, Хант е мотивиран од двата порази кои ги претрпе во 2013 година, кога на светското првенство на ФИНА беше поразен од Колумбиецот Орландо Дуке, додека во светската серија Red Bull Cliff Diving беше втор зад Русинот Артем Силченко. Во 2016 година негова цел е да го врати приматот и за изведен скок со најголем коефициент на тежина, кој што лани беше освоен од Блејк Олдриџ. Задржувањето на моментумот доаѓа со нов елемент на ризик.

 - Многу години наназад ги имав најтешките два скока, но Блејк ме престигна лани со двојното салто наназад кое има пет свртувања. Се надевам дека ќе се вратам на првата позиција со воведување на скокот со три салта нанапред, каде што има 4,5 вртења на телото. За да го направам тоа лани морав да воведам скок со залет и се повеќе се навикнувам на тоа, но се уште сум нервозен. Станува се потешко и поважно да направиш вистинско полетување.

Натпреварувањето во Тексас ќе донесе борба на 14 натпреварувачи во машка и 18 во женска конкуренција, од вкупно 10 земји во светот, вклучувајќи ги и оние со „вајлд карта“. Американските надежи Дејвид Колтури, Стивен Лобуе, Енди Џоунс и Кајл Митрионе се враќаат подготвени да се борат за победа на домашен терен. Колтури заврши петти во ланската сезона, додека Лобуе и Џоунс сакаат да бидат на подиумот во Тексас пред Гери Хант.

Шампионката во женска конкуренција Рејчел Симпсон доаѓа од Сан Антонио, но овој пат доаѓа кај Портата од пеколот со двојна титула и како предводничка на женската група од четири Американки на 20-метарската платформа.

Четирикратниот освојувач на олимпиското злато, Грег Луганис, ќе биде дел од жирито кое брои пет членови за отворањето на сезоната покрај карпестата формација среде масивниот воден резервоар креиран од застрашувачките води на реката Бразос.

Меѓу учесниците ќе има шест учесници со „вајлд карта“: Алесандро Роси (Италија), Крис Коланус (полска), Кајл Митрионе (САД), Мигел Гарсија (Колумбија), Ринан Ајфланд (Австралија) и Тара Хиер Тира (САД).

Натпреварувањето можете да го следите на 4 јуни во живо со почеток во 9.20 минути по средноевропско време на официјалниот сајт www.redbullcliffdiving.com како и на Red Bull TV, кој е достапен на сите поврзани телевизори, играчки конзоли, мобилни и други уреди.

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Нејмар купи дрес од уличен продавач, мажот скока од среќа среде раскрсница (видео) Бразилецот Нејмар, кој е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, н...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Грижата за Шумахер „ги цеди“ милионите од неговата сметка – Колку плаќа сопругата за да го одржи во ... Грижата за Михаел на годишно ниво чини неверојатни 7 милиони евра. Неговата сопр...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра ... „Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg