Светот на кошарката се збогуваше со Коби Брајант - ѕвездата го одигра последниот натпревар (видео)
- Детали
- четврток, 14 април 2016
Коби Брајант синоќа ги одигра своите последни минути во богатата НБА кариера. Крајот беше како по сценарио на најдобрите холивудски филмови.
Брајант на простувачкиот натпревар даде неверојатни 60 поени, помагајќи му на својот тим да го совлада противникот со 101-96.
Токму тоа беше крајот на неверојатната 20-годишна кариера во која „црната мамба“ освои 5 шампионски прстени.
Брајант на својот последен натпревар даде 23 поени само во последната четвртина и така им помогна на Лејкерс да стигнат до 15 поени минус во најлошата сезона на овој тим.
„Не можам да верувам дека ова се случи. И понатаму сум шокиран,“ скромно изјавил после мечот.
Публиката била воодушевена кога Коби даде тројка на 59 секунди пред крајот. Погоди уште една во 31-та секунда пред крај, за конечно водство на неговиот тим со 97-96.
Натпреварот го заврши со асистенција и од паркетот замина меѓу легендите на 4,1 секунда пред крајот, кога публиката буквално западна во транс.
Коби на својот последен натпревар постави нов рекорд, станувајќи најстариот играч кој дал повеќе од 50 поени на еден НБА меч.
Целата вечер во Лос Анџелес беше посветена на Брајант, кој се повлече после 20 години.
Тој воедно е и првиот играч во историјата кој 2 децении играл за само еден тим.
„Најважно е што секогаш бевме заедно. Засекогаш ќе бидете во моето срце и навистина искрено ја ценам вашата поддршка. Ви благодарам од сè срце, ве сакам,“ им се обрати легендата на своите навивачи.
М. Д. | Црнобело