Со трчање, планинарење и летање од Салцбург до Монако

Месецот јули е особено познат на љубителите на спортот кои ги следат физички најисрцпувачките спортски натпреварувања во светот. Се работи за искачување на врвови на највисоките планини, со жестоки меѓусебни битки на главните протагонисти на секоја етапа, како и комплексна тактика и тимска работа. Дополнително, се патува низ спектакуларната сурова убавина на Алпите. Меѓутоа, не зборуваме за велосипедскиот спектакл „Тур де Франс“, туку за една сосема поинаква трка, подеднакво возбудлива, но уште поисцрпувачка, наречена „Red Bull X-Alps“.

so-trcanje-planinarenje-i-letanje-od-salcburg-do-monako-2.jpg

Трката официјално започнува на 5-ти јули во Салцбург. Натпреварувачите имаат задача да поминат 10 попатни станици во Австрија, Германија, Италија, Швајцарија и Франција пред традиционално да завршат со слетување на платформа поставена во водите на Монако. Праволиниското растојание е 1038 километри, но оваа бројка не ја открива во целост проблематиката и тежината на трката.

- Не смееш да направиш грешка, спортистите кои учествуваат на оваа трка се меѓу најимпресивните авантуристи на својата генерација, вели идејниот творец на оваа трка, Ханс Арх, кој и самиот е познат акробатски пилот и авантурист. - Гледате во спортисти кои на планините се чувствуваат како дома: тие ќе трчаат 50 километри, потоа ќе планинарат 2000 метри кон врвот, па ќе полетаат оттаму во услови за кои другите не ни сонуваат, понекогаш и до 200 километри должина во еден лет. И тоа ќе го прават неколку дена по ред, од 5 наутро, до 22.30 часот навечер, сè додека не стигнат во Монако. Неверојатно е.

so-trcanje-planinarenje-i-letanje-od-salcburg-do-monako-1.jpg

Во стартниот поредок се вброени триесет мажи и две жени од 18 земји. Меѓу нив е и трикратниот победник на ова натпреварување, Шригел Маурер од Швајцарија, кој во 2013 година го постави најбрзото време од 6 дена 23 часа и 40 минути. Второпласираниот од 2013 година, Французинот Клемен Латур се повлече од годинешнава трка поради повреда, со што натпреварувањето загуби една од своите најголеми ѕвезди. Со тоа, предводник на Французите ќе биде Антоан Жирар, кој беше третопласиран на последната трка, а неговиот асистент Нелсон де Фрејман сега самостојно ќе се натпреварува и со 23 години ќе биде најмладиот учесник на ова натпреварување. Од САД доаѓаат два познати лика, Гевин Мекклурк, кој беше прогласен за авантурист на годината од „National Geographic“, како и Дејв Тарнер, контроверзниот искачувач и авантурист, кој минатиот месец веќе ја препечаши и прелета целата патека за да се подготви за оваа трка. Сепак, натпреварувањето ќе биде сосема неизвесно. Италијанскиот летечки ас Арон Дурогати ќе го се обиде да стекне предност со своето познавање на локалните планини, кои се една од најтешките секции на рутата. Тука е и Австриецот Пол Гушлбауер, кој беше трет на трката во 2011 година и е мошне силен и подготвен авантуристички спортист. Доколку е во можност да го следи својот план, тој со сигурност може да биде кандидат за подиумот. Највозрасен натпреварувач е 52-годишниот Британец Стив Неш, додека најхрабрите дами на светот се Ивон Дате од Германија и Дон Веструм од САД.

- Стартуваш во Салцбург и кој ќе стигне прв во Монако, тој победува. Тоа е тоа. Се работи за тело и душа, а не за стотици правила и прописи, -објаснува Арх.

- Ова ќе биде една од највозбудливите трки што некогаш сме ја имале. Рутата е уште попредизвикувачка отколку претходните години, и ќе претставува вистински тест за спортистите. Ќе биде навистина привлечно за навивачите да ја следат трката, -вели директорот на трката Кристоф Вебер.

so-trcanje-planinarenje-i-letanje-od-salcburg-do-monako-3.jpg

Новитет во трката за 2015 година е еднодневниот пролог којшто се одржа на 2 јули на просторот околу спектакуларните езера и планини крај Фуклс ам Зее во регионот на Салцбург. Тоа беше уникатна шанса за да се искуси трката облизу и да се направи спектакл за навивачите. Првите тројца добија 5 минути предност која ќе ја искористат на стартот и дозвола за едно ноќно движење, што ќе претставува потенцијална придобивка во борбата за највисоките позиции. Натпреварувањето кое беше долго 38 километри и содржеше планинарење и летање кое победниците го направија за 2 часа и 30 минути ги издвои Австриецот Гушлбауер, Чехот Маер и Американецот Мекклурк како потенцијални фаворити, со тактичка предност во џебот.

Секој учесник има еден помошник кој работи неуморно зад сцената, бара патишта, ги споредува условите и дава совети за климата и можностите за летање.

- Јас сум мотиватор, мајка, татко, готвач, метеоролог, тимски колега, возач, масер, шерпас, а понекогаш и водич, вели Мартин Мулер поранешен натпреварувач на Red Bull X-Apls, а сегашен помошник на Самуел Вурпило. 

Трката има ограничено времетраење од две седмици, при што досегашните рекорди поставени во 2013 година велат дека Романецот Тома Коконеа пешачел 115 километри на ден, додека Кристијан Маурер и Клемен Латур летале по 190 километри со параглајдер. Ниедна друга трка не е толку исцрпувачка и не бара толку врвни перформанси во толку различни области. Се смета дека физички е понапорна од велосипедската трка низ Франција, но сепак вклучува и ниво на стратешки способности кои можат да се споредуваат со едриличарската трка „Америка Куп“.

Би можело да ве интересира:

Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Маратонецот Дарио Ивановски со развиорено знаме помина на целта - Олимписката трка ја заврши на 69-т... Пред да влезе на целта, Дарио од својот тренер го зеде македонското знаме и со в...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Најзгодната хрватска навивачка гневна пред почетокот на Европско: „Видете за што плаќам по 650 евра ... „Собите се стари, греењето не работи…“ Најпознатата хрватска и светска навивачка...
Турскиот Џон Вик и уште 11 највирални и емотивни моменти од Олимпијадата во Париз, низ фотки Моментот кога Лајлс во илјадатинка му ја украде победата на Јамајканецот со нава...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg