Зошто тенисерите на Вимблдон мора да носат исклучиво бела опрема?
- Детали
- среда, 01 јули 2015
Во тек е третиот Грен Слем годинава - Вимблдон. Традиција, престиж, луксуз - веќе 138 години овој турнир се смета за највредната награда која би можел да ја освои еден тенисер. Општо е познато дека учесниците мора да носат комплетно бела опрема, оригиналната боја на „белиот спорт“, но ретко кој знае зошто толку многу се инсистира да се сочува ова правило.
Кон крајот на 19ти век во Англија, тенисот претставувал еден начин за собирање во друштво. Тогаш било потполно незамисливо на обоената облека да се забележуваат траги од пот. Се сметало за несоодветно, особено за дамите, да бидат видливи последици од потење.
Токму заради ова, белата боја станува заштитен знак на Вимблдон.
US Open дозволи опрема во боја во 1972 година, но на Вимблдон ова нема да се случи никогаш. Исклучок не беше направен ни во 2013 година кога Роџер Феререр имаше неонско портокалов ѓон на патиките и заради ова беше опоменат од организаторите.
Со текот на годините, дрес – кодот стана уште построг. Минатата година „All England Club“ издаде декрет од 10 поглавја со правила за играчите. Комплетно бела боја е задолжителна и за траките за глава, за глуждови, марами и патики. Логото на брендот може да биде во било која боја.
Што уште?
- За бела боја не се смета онаа која не е „чисто бела“ ниту пак кремавата
- На опремата е дозволена линија во друга боја, не поширока од 1cm
- Било кој дел од долната облека во друга боја, кој би можел да биде видлив, не е дозволено да се носи.