Охриѓани добија фудбалски терен, донација од ФФМ
- Детали
- вторник, 09 декември 2014
Уште едно фудбалско игралиште во серијата терени изработени согласно последните УЕФА стандарди, денеска Фудбалската федерација на Македонија и општина Охрид пуштија во употреба во нашиот најголем туристички центар.
Ова игралиште со вештачка трева донирана од ФФМ, како што истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, треба да даде нов импулс за развојот на спортот, пред се фудбалот, во Охрид.
„На денот кога го чествуваме патрониот празник на градот ’Свети Климент Охридски’ го пуштаме во употреба ова ново игралиште изградено согласно најновите стандарди на УЕФА, а кое треба да даде нов импулс за развојот на спортот, пред се фудбалот, во градот. Секако, покрај тоа интенцијата е да им овозможиме и што подобри услови за работа на сите екипи кои доаѓаат подготовките да ги реализираат во нашиот град“ - истакна Бакрачески на пуштањето во употреба на новиот терен кој е во рамките на спортскиот комплекс „Билјанини извори“.