Поранешниот доктор на Шумахер со лоши вести: Му остануваат уште неколку месеци или неколку години живот
- Детали
- вторник, 04 ноември 2014
Поранешниот доктор кој работел на шампионатот на Формула 1, Гери Харштајн, изјавил дека на Михаел Шумахер му остануваат од неколку месеци до максимум неколку години живот.
Иако пред извесно време се слушаа добри вести и гласини за подобрување на неговата состојба, сепак во ниеден момент не се потврди со сигурност неговото закрепнување.
Имаше знаци на подобрување, се предвидуваше бавно закрепнување од повеќе години, но за цело време еднакво постои и ризикот од губење на битката.
Според изјавата на докторот за магазинот Express, на пациентите кои не покажуваат невролошко подобрување, предвидувањата за одржување во живот се максимум неколку години.
Сите треба да се молат и да се надеваат да биде подобро, но мора да бидат подготвени и на најлошото, порачува Гери.