Доказ дека Роналдо не е обичен човек: Дневно крева по 16 Тојоти и трча побрзо од воз
- Детали
- среда, 22 октомври 2014
Веќе неколку години се зборува за неверојатните способности и рекордите кои ги надминува еден од најдобрите фудбалери во светот.
Кристијано Роналдо импресионира со своите физички способности кои се на граница на неверојатното и невозможното.
Многу пати се спомнува дека тој делува како да не е од оваа планета. Кога само ќе се погледнат сите статистики и податоци за она што го може, не може да го сметате за обичен човек. Тој, дефинитивно има нешто повеќе од другите.
- Роналдо во текот на дневните вежби во теретана подигнува тежина која е еднаква на тежината на 16 автомобили Тојота Приус.
- Има помалку телесни масти од супермоделите.
- Опсегот на градниот кош му е 62 cm
- Неговите реакции на теренот се толку брзи што би можел да го обиколи светот за 31 час побрзо од брзиот воз.
- Секоја сезона во просек истрчува 628 km, колку што е патот од Мадрид до Лисабон.
- Во текот на една сезона истрчува 900 спринтови повеќе од просечниот атлетичар на кратки патеки.
- Скокот во висина му е 44 cm
- Скокот во далечина му е 78 cm
- Кристијано Роналдо може да скокне во висина 7 cm повеќе од просечниот NBA играч.
Спортските стручњаци кои се занимаваат со овој феномен, тврдат дека неговите резултати се склоп на неколку работи: генетика, многу индивидуални тренинзи, стручната помош од сите експерти во клубот и неговата огромна страст и желба за да ги постигне.